Сончево и релативно топло време со мала локална облачност најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде од минус четири до два Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 12 до 21 степен.
И во Скопје денеска се очекува сончево и релативно топло време со слаб ветер. Температурата ќе се движи од минус еден степен наутро до 20 степени во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температурата ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во деновите од викендот и на почетокот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Извор: 360stepeni.mk
