Бројот на ноќевањата во јануари 2026 година изнесува 103 983, од кои 45.5 % се од домашните туристи, и 54.5 % од странските туристи.
Вкупниот број на туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 6.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 2.7 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 4.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 7.7 %.
Најмногу странски туристи во јануари 2026 година пристигнале од Турција(6732), по нив следат од Србија(3563), од Бугарија(3256) и од Грција(3060).
Извор: denar.mk
