Вака ќе изгледа авионот на иднината: Од „брачни кревети“ до приватно кино
Актуелно

Вака ќе изгледа авионот на иднината: Од „брачни кревети“ до приватно кино

07. 05. 2026.

Да бидеме искрени, летањето одамна не е толку забавно како некогаш. Помеѓу бескрајните редици на аеродромите, доцнењата и цените на билетите, патувањето со авион често носи повеќе стрес отколку возбуда. Сепак, додека краткорочната иднина на авио-сообраќајот моментално е „под облаци“ поради цените на горивото, долгорочните планови на авиокомпаниите ветуваат револуција во удобноста.

Ви ги претставуваме концептите што наскоро би можеле да го променат начинот на кој патуваме меѓу континентите.

Вашата приватна дигитална оаза
Еден од најфутуристичките концепти за седишта, наречен „Origin“, беше претставен на саем во Хамбург. Наместо класичен екран, овој концепт нуди масивен, закривен U-LED екран што го опкружува патникот.

Овој систем го претвора вашето седиште во „wellness“ простор каде што сами избирате дигитален пејзаж, осветлување и атмосфера. Шлаг на тортата? Седиштата имаат интегриран озвучувачки систем за кој не ви се потребни слушалки, како и паметни перници што се прилагодуваат на вашето тело за време на долгите летови.

Дали ова е спас за економската класа?
Шпанскиот стартап Chaise Longue сака да го искористи вертикалниот простор во кабината за на патниците во економска класа да им овозможи комфор што потсетува на бизнис класа. Нивниот дизајн подразбира седишта на две нивоа.

Наместо да сместуваат повеќе луѓе, целта е на долното ниво да се овозможи огромен простор за нозете и можност за целосно навалување на седиштето. Креаторот Алехандро Нуњез Висенте истакнува дека целта е да се обезбедат приватност и удобност без зголемување на густината на патници – концепт што би можел да стане нов стандард за Premium Economy класата.

Работни станици меѓу облаците
Покрај забавата, новите концепти вклучуваат и „работни капсули“ (work pods) за оние што не сакаат да губат време додека се во воздух. Овие единици се дизајнирани да изолираат бучава и да обезбедат ергономски простор за работа, претворајќи го вашиот лет во продуктивна канцеларија над облаците.

Иднината на летањето повеќе не е само во брзината, туку и во тоа колку одморени се чувствувате кога ќе слетате. Ако овие концепти заживеат, долгите летови би можеле да станат омилениот дел од вашето патување, а не само „нужно зло“.