Децата под 13 години без социјални мрежи: ЕУ претставува нови правила
Актуелно

Децата под 13 години без социјални мрежи: ЕУ претставува нови правила

17. 09. 2026.

Европската комисија денеска го претставува EU Kids Act, предлог со нови правила за пристапот на малолетниците до социјалните мрежи и други онлајн платформи.

Според најавата, децата под 13 години нема да можат да имаат профили на социјалните мрежи, додека за оние од 13 до 14 години се предвидуваат ограничени профили под родителски надзор. Од 15 до 17 години би биле дозволени лични профили, но со автоматски активирани безбедносни поставки.

Предлогот би можел да ги опфати и видеоплатформите, онлајн-игрите и ВИ-четботовите. Возраста би се проверувала преку дигитален систем без платформите да мора да добиваат целосна копија од личните документи.

Правилата не стапуваат веднаш во сила – предлогот допрва треба да помине низ европската законодавна процедура и може да претрпи измени.

За Македонија правилата нема автоматски да важат, но промените би можеле да ги опфатат и македонските корисници доколку платформите ги применат истите поставки на европскиот пазар.