„На 18 години веќе ќе сакаат автомобил да возат“ - коментира мајка по забраната за електрични тротинети за малолетници
Актуелно

„На 18 години веќе ќе сакаат автомобил да возат“ - коментира мајка по забраната за електрични тротинети за малолетници

15. 07. 2026.

Стапни на сила законот дека малолетниците немаат право да возат електрични тротинети. Во спротивно, казните за нивните родители се високи, а може и да им се одзеде возилото.

Според новите правила, електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од 6 km/h.

При преминување на коловоз или пешачки премин, доколку нема велосипедска патека или лента, возачите на електрични тротинети се должни да слезат и да го туркаат возилото.

Новина е и забраната за превезување друго лице на тротинет. Во случај на прекршок, ќе бидат санкционирани и возачот и лицето кое се превезува.

Заштитниот шлем станува задолжителен за сите возачи, а останува и обврската за носење рефлектирачки елек во услови на намалена видливост и во текот на ноќта.

На социјалните мрежи бура од реакции за строгата контрола! Додека едни го поздравија решението за поголем ред, други велат дека правилата се престроги. 

- Секаде низ светот е над 16 години, само кај нас ригорозно, вели еден скопјанец.

- На 18 веќе ќе сакаат автомобил да возат, а сега имаат забрана за електичен тротинет, коментира мајка на тинејџер. 

- Можеби треба над 16 години да е границата, и со опрема се разбира, гласи друг коментар.

- Сега за џабе им ги купуваа на децата...

- Нека ги возат низ патеки, а не низ фрекфентни улици и булевари...

Извор:skopjeinfo.mk