Во текот на октомври и ноември се очекуваат периоди со релативно високи температури, прекинати со повремени заладувања. Кај врнежите прогнозите се понеизвесни, па можни се и подолги суви периоди и краткотрајни, поинтензивни дождови.
Иако се очекува поблага зима, тоа не значи дека ќе нема снег и мраз. Можно е повремено навлегување на студен воздух, а при совпаѓање со влажни воздушни маси не се исклучени и снежни врнежи. На планините снегот ќе биде поверојатен, додека во градовите и котлините би можел пократко да се задржува.
Во следните недели се очекуваат дополнителни сезонски прогнози што би требало да дадат појасна слика за времето на Балканот во зимските месеци.
