СЗО алармира: Дебелината кај децата и младите е зголемена четирикратно од 1990 година
Актуелно

СЗО алармира: Дебелината кај децата и младите е зголемена четирикратно од 1990 година

09. 10. 2026.

Бројот на деца и адолесценти со дебелина во светот се зголемил четири пати од 1990 година, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО). Во 2024 година, околу 170 милиони млади на возраст од 5 до 19 години живееле со дебелина.

СЗО објави и први официјални насоки за третман на дебелината кај најмладите, со акцент на здрава исхрана, физичка активност и долгорочни промени во животниот стил. Лекови и хируршки интервенции може да се разгледуваат само кај одредени адолесценти, под строги медицински услови.

Организацијата предупредува дека дебелината во детството го зголемува ризикот од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања, а може да влијае и врз менталното здравје.

Од СЗО повикуваат државите да обезбедат подобар пристап до здрава храна, физичка активност и соодветна здравствена поддршка за децата и нивните семејства.