Пчеларите предупредуваат: 2026 година е една од најлошите за производство на мед
Актуелно

Пчеларите предупредуваат: 2026 година е една од најлошите за производство на мед

09. 10. 2026.

Македонските пчелари се соочуваат со една од најслабите сезони во последните децении. Поради сушата, високите температури и пожарите, приносите на мед годинава се значително намалени.

Во Прилепско, каде вообичаено се добивале од 8 до 10 килограми мед по пчелно семејство, годинава кај дел од производителите приносот паднал на само два до три килограми, а некои кошници останале речиси празни.

Проблеми се бележат и во други региони во земјата. Недостигот од пчелна паша ги принудува пчеларите дополнително да ги прихрануваат пчелите, што ги зголемува трошоците и создава неизвесност за нивното презимување.

Пчеларите предупредуваат и на конкуренцијата од евтин мед со сомнително потекло и апелираат граѓаните да купуваат од проверени производители.

Слабата сезона не значи само помалку мед на пазарот, туку и ризик за пчелните семејства и идното производство.