Кој го донесе холандскиот трговски ланец Spar во Македонија
Актуелно

Кој го донесе холандскиот трговски ланец Spar во Македонија

11. 05. 2026.

Како што објави неодамна еМагазин, холандскиот малопродажен трговски ланец Spar влегува на македонскиот пазар.

Тие ќе бидат отворени на 14. мај.

Истиот влегува преку косовската компанија Viva Fresh Group, која во Македонија ги поседува маркетите Кит-Го, кои веќе се ребрендираат во “Spar North Macedonia”.

Во март лани, Viva Fresh Group, присутен во Македонија преку Viva Fresh Store, Super Kit Go и Modern Studio & Top Shop ја презеде Spar Albania од Balfin Group.

Кит-Го имаат 62 маректи во земјава, во Штип, Скопје и други места.

Spar e основан во 1932 година. Брендот е присутени во 48 земји со над 13.800 продавници.

еМагазин исто така пишуваше дека Spar планира да отвори маркет и во Кавадарци. 

Извор: emagazin.mk