Јасмина Котевска по професија е магистер по историја на уметност. Денеска се заминава со одгледување овци. Живее во демирхисарското село Суводол, кој е одалечено 2 километри од централното градско подрачје на Демир Хисар.
Тимот на Кајак.мк кој постојано има убави приказни од нашата земја а посебно од руралните средини, кои ги гледа како одлични дестинации за туристички атракции, на својата страница има уште една приказна и тоа за жена магистер по историја на уметност која денес се занимава со одгледување на овци...
Кајак.мк овие луѓи ги нарекуваат локални херои а ова е приказната за Јасмина Котевска, Жената која гледа позитивно на работите и која е голем борец што сака да ги оствари своите соништа.
Јасмина Котевска по професија е магистер по историја на уметност. Денеска се заминава со одгледување овци. Живее во демирхисарското село Суводол, кој е одалечено 2 километри од централното градско подрачје на Демир Хисар.
Јасмина раскажува дека огледувањето овци во нејзиното семејство е децениска пракса. Семејството и потекнува и живее во рурална средина, па самото поднебје на некој начин налага човекот да се занимава со земјоделство и сточарство, со цел да обезбеди средства за опстанок.
„Иако пораснав на фарма каде имав прилика да се дружам со различни видови на животни, не помислував дека фармерството ќе постане дел од моето секојдневие, а воедно и моја втора професија“, вели Јасмина.
Со одгледување на овци активно се занимава веќе 8 години и признава дека работата со нив ѝ го променила животот. Сега има многу поразлични погледи кон постоењето, има поголема емпатија и љубов кон сите живи битија со кои ја делиме планетата земја.
На прашањето дали се пронашла во работата, Јасмина вели дека по природа е хиперактивен човек и слободно може да каже дека одледувањето овци кое во принцип е динамична работа, која бара посветеност, издрливост, но и одговорност и помага во регулирањето на нејзината благосостојба како човек. Искрено, кога човек има работа нема време да се посветува на болестите и баналните проблеми кои вродуваат со понатамошни психосоматски состојби, додава таа.
Во моментот фармата брои 90-тина овци. Заедно со нејзините родители се насочени кон продажба на јагниња, а во помали количини произведуваат и традиционално овчо сирење, кое во зависност од периодот кога е изработено се карактеризира со посебен вкус и текстура.
Јасмина вели дека Македонија е земја во која сè уште преовладуваат табу теми поврзани со професијата, сè уште преовладува мислењето за помалку вредни професиии, а кога би го земале сточарството би увиделе дека сè уште е професија која е потценета, додека пак во развиените земји сточарството и земјоделството се вреднувани. Но, од друга страна пак, драго ѝ е што е дел од приказната која полека ги пробива стеротипите.
Целиот текст тука: