Животните предизвици поттикнаа четири жени да започнат нов начин на живеење. Самохрани мајки си купија заедничка куќа во која сега живеат со нивните деца и си помагаат една со друга.
Уморни од трошење пари за кирија, а немање сопствен дом, разведените пријателки Холи Харпер и Херин Хопер одлучиле да се вселат под ист кров. По кратка потрага по совршениот дом, тие ја нашле идеалната куќа во Вашингтон, но била преголема само за нив.
Така, тие одлучиле да постават оглас во соседството и на таков начин дошле до здружување со Леандра Никола и Џен Џејкобс.
Новиот дом тие го нарекоа „Куќата сирена“. „Сирената е нешто како феминистичка моќ“ – објаснила Херин.
Тие велат дека овој потег им помогнал да заштедат многу, да си помагаат една со друга и да се поддржуваат.
„Кога сакам да одам да трчам, секогаш има друга возрасна личност која ќе се грижи за децата“ – изјавила Холи. „Понеделник е ден за изнесување на ѓубрето и се случува јас да го правам тоа само еднаш месечно, бидејќи некој друг веќе го направил. И тогаш ми текнува, ох Боже, живеам со жени“.
„Сакаме луѓето да научат дека можеш да направиш сè што сакаш. Запали ја книгата со правила на животот и погледни од друга перспектива“.
Леандра отворила сопствено кафуле, за што добила огромна помош од новите пријателки.
„Да бидеш во место каде можеш навистина да им веруваш на луѓето околу тебе, тоа е нешто кое не знаев дека можам да го имам“ – признала Леандра.
извор: femina.mk