Внимателно спроведеното истражување во Кина откри неочекувана поврзаност помеѓу начинот на кој спиеме и нашето здравје. Се чини дека навиката да се спие со отворени завеси стана сомнителна, а причината лежи во светлосното загадување. Според истражувањата, спиењето во овие услови може да го зголеми ризикот од мозочен удар за дури 43%, пренесува b92.net.
Светлосното загадување, кое настанува поради вештачко осветлување во текот на ноќта, го нарушува природниот ритам на спиење и квалитетот на одмор. Анализирајќи ги податоците собрани од 28.000 испитаници, истражувачите забележале јасна врска помеѓу овој тип на загадување и нарушувањата на спиењето.
„Подлабоко разбирање на оваа врска може да биде клучно за спречување на цереброваскуларни болести“, посочува д-р Џаин-Бинг Ванг, нагласувајќи ја важноста од намалување на изложеноста на вештачка светлина во текот на ноќта, особено за луѓето кои живеат во урбаните области.