Како млад архитект својата кариера ја започнува на позицијата Менаџер за изнајмување на деловен простор во Рамстор Македонија за после две години да го стекне и своето прво интернационално искуство во соседна Бугарија каде се вработува како Раководител на сектор за изнајмување на трговски центри во компанијата Либер Пропертис. Од 2010. година е дел од Cushman & Wakefield / Fortonmka – консултантска компанија за комерцијален недвижен имот која е дел од глобалниот лидер Cushman & Wakefield. Прочитајте ја успешната приказна на Катарина Николов – Раководител на сектор за малопродажба во Cushman & Wakefield / Fortonmka.
Во Cushman & Wakefield / Fortonmka – сте веќе 9 години. Што е тоа што го видовте во Cushman & Wakefield / Fortonmka и ве натера да останете во компанијата на долг рок?
Катарина Николов: Cushman & Wakefield / Fortonmka, како водечка компанија во секторот за комерцијален недвижен имот, е место кое ми овозможи да ги проширам своите знаења, да го реализирам мојот потенцијал и да напредувам во различни сфери на дејствување. Станува збор за тим од вистински професионалци со страст за успешно завршување на задачите и постигнување на посакуваните резултати. Сметам дека секој би сакал да работи и да се развива во една таква компанија.
Започнавте на позицијата Консултант за малопродажен простор. Кажете ни малку повеќе за вашите почетоци во компанијата?
Катарина Николов: Како Консултант за малорпродажен простор, уште на самиот почеток се уверив во можностите кои ги нуди оваа професија во интернационална компанија како Cushman & Wakefield / Fortonmka. Мојата работна позиција ми овозможи да соработувам со големи домашни и интернационални клиенти за објекти со големи квадратури и провизии кои достигнуваат вредност слична на оние во многу поразвиените и поголеми земји.
Пазарот во Македонија е навистина сложен, па токму затоа и доменот во кој работиме бара многу знаење, професионален пристап, вложување и дисциплина.
Да се биде дел од Cushman & Wakefield / Fortonmka за мене претставува предизвик во вистинска смисла бидејќи сум дел од единствената компанија од оваа област во Македонија која работи по интернационални стандарди.
За релативно краток период напредувате од Консултант за малопродажен простор во Раководител на сектор за малопродажба. Што е пресудно за еден кандидат да напредува во Cushman & Wakefield / Fortonmka?
Катарина Николов: Во нашата компанија постојат неколку гаранции за успех, а тоа се: посветеноста, енергијата, следењето на внатрешните процеси,квалително извршување на работните задачи, почитувањето на крајните рокови и желбата за работа со клиенти.
Изградивме култура да веруваме во себе, но и во моќта на тимот. Имаме идентична цел: еднаков третман и најдобра услуга за секој клиент.
Ја препознаваме, поттикнуваме и наградуваме максималната посветеност на секој еден вработен.
Како изгледа работниот ден на еден Раководител на сектор за малопродажба во Cushman & Wakefield / Fortonmka и кои се придобивките на вашата професија?
Катарина Николов: Мојот работен ден претставува комбинација на стратешки и конкретни активности за одредена позиција, локација или проект кои водат до успешно остварување на некоја сложена и на прв поглед невозможна зделка. Тоа вклучува правење на анализи за најразличните проекти, телефонска координација и состаноци со клиентите. Понекогаш, тоа е ден поминат во некој друг град, на градилиште или на средби со закупците, закуподавачите и инвестотирите на различни локации.
Веруваме дека клучот за успехот е во добрата подготовка и затоа имаме унифицирана процедура за сите клиенти која започнува со откривање на потребата на клиентите и завршува со пронаоѓање на вистинското решение за нив.
Зошто Cushman & Wakefield / Fortonmka е вистинскиот избор за сите професионалци кои се гледаат себеси во светот на недвижностите?
Катарина Николов: Во Cushman & Wakefield / Fortonmka бараме посветеност, а за возврат нудиме предизвик да се работи со големи клиенти на големи проекти и натпросечни финансиски надоместоци кои знаат да бидат и многу пати поголеми од просечната плата во Македонија. Максимално ја почитуваме личноста на секој вработен и промовираме култура на транспарентност, сите предлози и креативни решенија се земаат предвид.
Cushman & Wakefield / Fortonmka на вработените кои што ќе се стекнат со статус на менаџер во компанијата им нуди атрактивен компензациски пакет кој се состои од фиксна плата, бонуси, програма за лојалност, приватно здравствено осигурување и многу други бенефиции.
За крај, што би им порачале на сите потенцијални кандидати кои сакаат да станат дел од тимот на Cushman & Wakefield / Fortonmka?
Катарина Николов: Доколку сакате да бидете дел од динамична средина со многу предизвици, финансиите ви се поважни од комфорот, доколку се гледате себеси во компанија која работи по интернационални стандарди, предизвик ви е да работите на големи проекти со големи клиенти, сакате да склучувате зделки и пред се, да бидете задоволни и исполнети од својата работа, не чекајте и станете дел од успехот на Cushman & Wakefield / Fortonmka.