АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА и понатаму останува отворен за млади луѓе кои имаат сопствени идеи и сакаат да учат нови работи и да допринесат на компанијата и инженерскиот тим
Во 2016 година APTIV ја отвори својата прва локација во Македонија, во Скопје - Технолошко индустриско развојна зона Бунарџик како дел од ADVANCED SAFETY & USER EXPERIENCE бизнис сегментот. APTIV е еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија што испорачува напредни електрични, електронски и безбедносни решенија за производителите на возила ширум светот. Од своите почетоци APTIV е партнер со научно-образовните институции, нудејќи им можност за учење и развој на вештините на младите, нивните знаења и напредок во кариерата.
Оваа година APTIV ги отвори вратите за судентите од техничките факултети кои станаа практиканти и стипендисти во компанијата.
Во петок на 05.07.2019 во просториите на АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА, беше организирано свечено потпишување на договорите за новите практиканти кои се стекнаа со “Peter Grossmann” стипендија за 2019 година.
Директорот на компанијата Боријан Борозанов им се обрати на студентите за добредојде и им даде поддршка, посакувајќи им среќа и успешна практикантска работа.
Студентите имаа можност да ги запознаат своите ментори и да се информираат за индивидуалните проекти на кои ќе работат за време на нивната пракса.
АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА и понатаму останува отворен за млади луѓе кои имаат сопствени идеи и сакаат да учат нови работи и да допринесат на компанијата и инженерскиот тим.
Продолжуваме да стипендираме и да овозможуваме практична работа за надежните студенти од нашата земја.