JYSK, дански бренд со мисија да се даде одлична понуда за секого. Компанија во која вработените се клучната алка до успехот, меѓусебната почит е една од основните вредности и секој има можност за напредок! Прочитајте како е да се биде дел од тимот JYSK Macedonia
JYSK е меѓународен малопродажен ланец кој продава "се за дома". Со мисија да се даде одлична понуда за секого, JYSK, со потекло од Данска, е една од најбрзо растечките ланци на продавници во светот во рамките на "спиење и живеење". Успешната бајка на JYSK започна во 1979 година, кога основачот на компанијата и единствен сопственик, претприемачот Ларс Ларсен, ја отвори својата прва продавница во Данска со едноставна идеjа, секогаш давајќи им на клиентите голема понуда. Ова и ден денес останува филозофија на компанијата. Денес JYSK групацијата се состои повеќе од 2,782 продавници, 23,000 вработени во 52 земји низ светот.
Дали беше лесно бренд како JYSK да се донесе во Македонија?
„Воопшто не беше лесно да се донесе познат бренд како JYSK во Македонија, ако се земе во предвид времето кога се отвори првиот продажен салон во Тетово. Мислењето на надворешните инвеститори за нашата земја не беше многу позитивно. Сепак ние го отворивме првиот продажен салон, во Тетовскиот регион, врз основа на Данската логика за локацијата и отварањето на новите продажни салони на JYSK, која тврди дека JYSK треба да биде оддалечен од главниот град на една земја 30 до 40 км. За кратко време се утврди дека оваа логика не функционира според менталитетот на нашите клиенти и нашата држава. Поради таа причина го отворивме и вториот продажен салон во Скопје.
Од отварањето на вториот продажен салон, можеме да кажеме дека патот кон успехот на нашиот бренд се смени.
Во моментот имаме три продажни салони во Трговските центри: Скопје Сити Мол, Палма Мал-Тетово и третиот најнов продажен салон на JYSK во Поинт Ретаил Парк во Скопје. Нашиот план за проширување во првата фаза е да имаме 14 продажни салони во поголемите градови на Македонија како: Струмица, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Гостивар, Штип и Гевгелија, додека во втората фаза продолжуваме со помалите градови.
Интерните обуки за вработени на ЈYSK од времето на првиот продажен салон па се до денешниот ден се многу променети. JYSK е бренд кој напорно работи во градење на внатрешна организациска структура, каде можеме да спомнеме дека од теоријата “клиентот на прво место” одиме во насока “вработениот на прво место”, бидејќи ако вработените ни се на прво место, тие ќе ги третираат клиентите на ист начин.
Обуките за вработени се организираат и планираат директно од нашата матична компанија “JYSK Nordic”, и тој скандинавски дух го донесовме и имплементиравме во нашата држава. Бројот на вработени во почеток беше многу мал, и беше многу лесно да се управува со нив во споредба со денес каде имаме голем број на вработени, но благодарејќи на поделбата во различни сектори и одговорните администратори, оваа тешкотија воопшто не се приметува“ - вели Агрон Беџети, Директор за Македонија.
Каков е тимот на JYSK денес?
Нашиот тим е составен од вкупно 58 вработени, кои се максимално посветени на својата работа и извршувањето на работните обврски. Работните обврски секогаш се завршуваат со помош на тимска работа и соработка меѓу вработените. Од наше лично искуство е утврдено дека работењето на тој начин допринесува за избегнување на можни грешки, мотивација кај вработените и секако се поголем успех на компанијата. Политиката на нашата компанија е работните позиции да се одредуваат и формираат од редовите на вработените во самите продажни салони. Поради тоа, вработените ја започнуваат нивната кариера во JYSK како Асистент на Продажба. Таа е клучна работна позиција со која им даваме можност на вработените да ги покажат нивните способности и врз основа на тоа добиваат можност за унапредување во нашата компанија на другите работни позиции. Сметаме дека овој начин на работење позитивно влијае на секој вработен поединечно и воедно им дава мотив и желба за меѓусебен мотивациски натпревар и можност за достигнување на нивната цел. Наредните работни позиции који се многу значајни за нашата компанија се следните:
А) 1 Менаџер на продажен салон
Б) 2 Менаџери на смена
Ц) 1 Менаџер на магацин
Д) 1 Асистент менаџер на магацин
Е) 1 Концепт менаџер за сите продажни салони
ВРЕДНОСТИТЕ НА JYSK ВО ОДНОС НА ВРАБОТЕНИТЕ
Проширувањето е составен дел на стратегијата на JYSK. Поефективните и поефикасните постапки, какои продолжувањето на задоволството на вработените се критичен елемент во стратегискиот раст. Нашите вредности се сумирани на три зборови и ги потсетуваат нашите вработени како можат да им даваат на клиентите големи понуди.
ПРОДАВАЧ
Свесен на услуга, разумна вредност, доверлив и има за цел да Ве ориентира на професионален начин.
КОЛЕГА
Вреден, меѓусебна почит, флексибилен, отворен, чесен, директен и позитивен.
ЗАЕДНИЧКО ОРГАНИЗИРАЊЕ
Посветен, лојален, соработник, право и должност за преговори и амбасадор на JYSK.
Вработените во продажните салони се лицето на брендот, но кој стои во позадина?
Како во секоја успешна меѓународна компанија, коja е менаџиранa од професионален тим кој работи и ја носи одговорноста за сите процеси кои се одвиваат во компанијата, така и во JYSK работите се поделени на различни сектори:
- A) Финансии
Б) Маркетинг
Ц) Човечки Ресурси
Д) Администрација
Е) Набавки
Ф) ИТ
Мал тим, со голема посветеност кон работата, со идеја кон проширување на компанијата и зголемување на тимот. Менаџерите на секторите кои се “Behind the spotlight” се со голема значајност за компанијата.
JYSK Macedonia неодамна го отвори својот трет продажен салон со локација меѓу општините Чаир и Бутел. Кажете ни нешто повеќе за новиот објект?
JYSK Macedonia можете да го најдете на 3 атрактивни локации во Скопје и Тетово, односно во трговските центри Скопје Сити Мол, Палма Мол Тетово и во новиот Ретаил Парк “Point Retail Park” во Скопје, кој е со локација меѓу општините Чаир и Бутел. Новиот продажен салон со голем труд од страна на нашите вработени, е уреден според најновиот концепт со меѓународните стандарди на JYSK, кој воедно е поразличен од предходните, со многу поголема креативност во однос на изложувањето и истакнувањето на производите и целосно искористување на просторот. Со помош на новиот концепт, клиентите добиваат појасна слика за секој производ и како истиот би се вклопил во нивниот домашен амбиент. Успехот на нашата компанија се изразува најмногу со проширување на продажните салони и нашиот тим, кој е резултат на многу професионален и креативен тим.
JYSK ВЕТУВАЊА ЗА КЛИЕНТИ
Четрите ветувања на JYSK за нашите клиенти се:
- Одлични понуди
- Сигурен квалитет
- Едноставно купување
- Соодветна услуга
Ние во JYSK веруваме дека односите меѓу луѓето се различни и токму овае причината зошто ние сме тренирани за да нудиме најдобри можни услуги и совети. Илјадници клиенти го посетуваат JYSK секој ден, и ние сме тука поради големиот број на луѓе кои ги бираат нашите продавници. Ова ја ориентира нашата посветеност за да нудиме секогаш квалитет за одлична цена, да бидат достапни, компетентни и прифатливи.
JYSK ВЕТУВАЊА ЗА КЛИЕНТИ, се четрите ветувања за Вас како клиент, кои дефинираат дека ние сакаме да го делиме искуството од вашето купување во JYSK. Ние работиме со овие ветувања секој ден, но секогаш има простор за корекции. На овој начин, JYSK ВЕТУВАЊА ЗА КЛИЕНТИ ни помага секојдневно да ги подобриме нашите услуги и совети.
Што значи да се биде дел од тимот вработени на JYSK?
Да се работи во една успешна меѓународна компанија е навистина многу голема привилегија. Слоганот на JYSK гласи “Бидете Посветени, исполнете нови Можности”. Со ова може да се долови духот и политиката на компанијата за добивките на можностите и исполнувањето на целите на вработените за достигнување на успешна кариера во JYSK. Бидејќи, вработените се клучната алка која доведува до успешност на компанијата и воедно се и лицето на брендот, посветуваме многу големо внимание на работните услови на вработените. Постојано сме активни и посветени во пронаоѓањето на нов начин за подобрување на работните услови кои ќе доведат до поголема мотивација за работа. На секој вработен му се нуди можност за давање на идеи и предлози за подобрување на истите.
Сакаш да бидеш во тек со актуелните огласи од JYSK?
СЛЕДИ ЈА КОМПАНИЈАТА