Лилјана Аврамовска е Помлад инженер за континуирано подобрување во Маркарт. Нејзината кариера во германската фабрика започна пред нецели 2 години кога при крајот на своите додипломски студии на машинскиот факултет во Скопје дознала за отворените позиции во Маркарт. Без многу размислување го испратила своето CV и за краток период била повикана на интервју. Денес, таа е одговорна за организирање и водење на работилници, интерни обуки на вработени и тренинг на нововработени.
Лилјана Аврамовска е млад машински инженер кој веднаш по дипломирањето успева да ја започне својата кариера во Маркарт. За прв пат, во компанијата влегува без претходно работно искуство, но благодарение на силната посветеност и желба за континуирано учење, за само неколку месеци успева одлично да се адаптира на позицијата Асистент во производни сервиси. Прочитајте ја успешната приказна на Лилјана во Маркарт.
Кариерата ја започнува како Асистент во одделот за производни сервиси
- При крајот на додипломските студии на машинскиот факултет во Скопје, остваривме практична настава со посета на неколку компании меѓу кои и Маркарт. За време на посетата не информираа дека отворени се неколку работни позиции на кои можеме да аплицираме. Недвоумејќи се го испратив своето CV и за краток период бев повикана на интервју. Благодарение на оваа соработка, на 10.10.2017 година, започнав да работам во Маркарт како Асистент во производни сервиси.
Во моментов е Помлад инженер за континуирано подобрување
- Моментално работам на позиција Помлад инженер за континуирано подобрување. Работниот ден го започнувам со преглед на работниот календар и подготовка за активностите за претстојниот ден. Самата работна позиција бара соработка со сите оддели во компанијата, а согласно со тоа и работните задачи се динамични, почнувајќи од организација и водење на работилници, стратегиски и останати проекти за подобрување, интерни обуки на вработените за зголемување на нивото на знаење и умешност во користењето на “lean” алатките, како и тренинзи на нови вработени.
Најголема поддршка добива од колегите и претпоставените
- Се сеќавам дека уште кога за прв пат дојдов во Маркарт, се надевав дека ќе работам со позитивни и тимски колеги. Од првиот ден кога зачекорив тука, колегите од одделот за индустриско инженерство ме поканија во “Маркарт тимот“ и несебично го споделуваа целото свое знаење со мене. По промената на работната позиција, бидејќи сепак немав доволно искуство во областа на континуираното подобрување, наидов на целосна поддршка од страна на мојот претпоставен.
Уште на почетокот знае дека го прави вистинскиот чекор во Маркарт
- Како машински инженер, од моментот кога го видов производствениот систем, современата технологија, производите со врвен дизајн и квалитет, знаев дека ова е вистинскиот избор за мене. Стандардизираното работење, начинот на инволвирање на вработениот во неговата работна средина и поседувањето на чувство за одговорност кон истата, грижата за клиентите и можноста за постојан напредок беа само дел од работите кои ме натераа уште повеќе да ја засакам мојата работа и да бидам благодарна што сум дел од овој тим.
Три работи кои особено и се допаѓаат во Маркарт
- Доколку треба да издвојам три работи кои најмногу ми се допаѓаат во Маркарт, тоа би биле: 1) Културата на позитивен “feedback“ и поддршката во работењето од страна на претпоставените; 2) Постојаниот судир со нови предизвици кои даваат можност за личен и професионален развој и напредок; и 3) Соработката помеѓу вработените и стремежот за постигнување на заедничките цели.
Промоцијата како најголемо достигнување
- За да ја продолжам мојата кариера, знаев дека морам континуирано да се развивам и надоградувам. По шест месеци, на мое големо задоволство, добив можност да бидам унапредена на мојата тековна позиција Помлад инженер за континуирано подобрување. Тоа за мене беше навистина големо достигнување, особено поради фактот што ми беше доверено одговорно работно место кое истовремено овозможува континуирано развивање на моите знаења и вештини.
Сакате да станете дел од Маркарт? Еве што порачува Лилјана:
- Секој од нас мора да ја започне својата приказна од некаде. Маркарт како компанија со водечки бренд од автомобилската индустрија и страст за иновативни технологии, претставува одлично место за да го започнете вашето патување. Бидете подготвени да работите напорно, да се развивате себеси на личен и професионален план, а успехот ќе дојде сам по себе.