Vrabotuvanje.com - Garden Spa
Сподели
Tweet
Сподели

Гарден Спа бутик хотел е лоциран во центарот на Скопје, динамичната престолнина на Република Македонија, и во подножјето на планината Водно. Во нашиот бутик хотел ќе најдете пријатно и мирно ќоше за вашиот удобен престој. Ви нудиме неспоредлив избор на некои од најпосакуваните вредности денес: чувството на спокојство, несовладливото здравје и вкусот на раскошноста.

Нашиот љубезен персонал е подготвен вашиот престој да го направи вистинско уживање. Нашите вработени се дискретни, културни и услужни. Подготвени да одговорат на вашите побарувања и да ви ги овозможат најдоброто во услугата за престој.

Во вашата потрага по бизнис и социјални (но и хедонистички) обврски и желби, кај нас ќе откриете како културата и традицијата совршено се испреплетуваат со современиот живот. Следете го патот на виното! Ова е во содејство на концептот на Хотел Гарден Спа за промовирање на најдоброто од нашата стара виноградска култура и модерните трендови на нашето време.

Со самото спомнување на термините спа и козметика, често помислуваме на најкраткиот пристап до природата во секојдневниот живот. Директната поврзаност на Хотел Гарден Спа со познатиот лондонски бренд Гарден Спа козметички салони, гордо ни дава можност да ви го понудиме чувството на најсовремените методи на третмани за кожата и за грижата за здраво тело.

Не размислувајте дали да ја искористите шансата да го пробате овој уникатен метод (топли легла, неколку видови масажи) со помош на нашиот тим од специјалисти и најдобро обучени козметичари, за третмани со врвна и целосно природна козметика на база на грозјето и виното. Турската бања, сауната и мега-јакузито се бесплатни за користење за нашите хотелски гости.

Во нашиот вински клуб секојдневно и за викенди се одржуваат презентации на специјални селекции на вина од признатата македонска винарија Попова Кула, и тука можете да ги доживеете милениумите историја и традиција во врвните богати вина од овој регион, кој е осончан преку целата година.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде