Vrabotuvanje.com - ИНДУСТРИ СЕРВИС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели

ИНДУСТРИ СЕРВИС ДОО

  • Адреса: Бул. Јане Сандански бр.113а/1 Аеродром, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://industriservis.mk/

ИНДУСТРИ СЕРВИС ДОО СКОПЈЕ Е ФАМИЛИЈАРНА КОМПАНИЈА ОСНОВАНА ВО 2002 ГОДИНА.

Индустри Сервис ДОО – Скопје е лидер на пазарот во Македонија за организирана исхрана и индустриски кетеринг, како сервис наменет за потребите на индустријата. Започнавме во 2002 година, во нашата прва деловна единица, за да постигнеме раст и развој кој не постави на водечка позиција на пазарот. Ние сме горди на нашиот успех кој е резултат на нашата посветеност на основните вредности на интегритет, искреност и почитување на законите.

Применувајќи го концептот business to business, целосно ориентирајќи се кон ценетиот Клиент, Индустри Сервис како надворешна (outsourcing) компанија за организирана исхрана, успешно функционира 365 дена во годината, во три смени, подготвувајќи оброк за вработените во некои од најголемите компании во Република Македонијa, каде се опфатени сите вработени според принципот организирана исхрана со комплетен мени оброк. Технолошкиот процес за подготовка на храна е во согласност со строго утврдените нормативи и работни упатства, во најсовремени санитарно – технички услови за работа, согласно добрите производствени и хигиенски практики и барањата на HACCP системот за безбедност на храна.

Дејноста индустриски кетеринг и храната како жива материја претставуваат сложен и одговорен процес кој не трпи импровизации. Во таа насока, комплетно сме посветени сме и имаме обврска нашите услуги и продукти кои ги обезбедуваме за нашите Клиенти да бидат во потполна согласност со сите примеливи закони од областа на безбедност на храна, HACCP системот, законите за безбедност и здравје при работа како и заштита на животната средина.

Во секој од нашите ресторани го имаме имплементирано и меѓународно сертифицирано системот за безбедност на храна ISO 22000. Во текот на оваа година планираме да го надградиме со FSSC 22000 со што ќе бидеме едниствен оператор со храна од угостителската дејност во Република Македонија кој го поседува овој стандард за безбедно управување со храна.

Денес, како најголем оператор со храна во Република Македонија, во сите наши деловни единици, дневно подготвуваме и послужуваме до 9.000 оброци, со што ја надминавме бројката од над 2.000.000 подготвени и послужени оброци во 2018 година.

За нашиот досегашен успех говори и податокот што нашата компанија со својата основна дејност, организирана исхрана и индустриси кетеринг, се наоѓа во групата на 200 најуспешни компании во Република Македонија, а воедно сме дел од групата на големи даночни обврзници.

Мисија

Нашата мисија е да му испорачаме на секој клиент најдобра вредност, преку супериорна услуга, безбеден производ и проверен квалитет.

Визија

Да продолжиме со стапката на раст и развој и да опстанеме на водечката позиција на пазарот - успех на кој сме горди и кој е резултат на нашата посветеност на основните вредности на интегритет, искреност и почитување на законите.

Општествена Одговорност

Индустри сервис е компанија посветена кон етичко деловно работење и социјална одговорност.

Ние сме општествено одговорна компанија која позитивно придонесува кон заедницата која не поддржува, поради што во повеќе наврати имаме донирано дел од профитот за социјално загрозените групи. Активно ги помагаме спортските и културните настани во општините каде што се лоцирани нашите деловни единици.

Клиенти

Според Светската организација на трудот (ILO) и Светската здравствена организација (WHO), овозможувањето на адекватната исхрана на работното место може да ја зголеми продуктивноста на работниците до 20%.

Општествено одговорни се и компаниите кои се грижат за правилната и избалансирана исхрана на своите вработени. Меѓу нив се и нашите клиенти кои ни ја дадоа нивната доверба.

Нова инвестиција

Bo 2018 година Индустри Сервис го почнува најголемиот инвестиционен проект во развојната стратегија на компанијата. На своја локација во Скопскиот регион градиме комплетно нов објект со најсовремена технологија и угостителска опрема за индустриски кетеринг, кој ќе ги вклучи процесите на подготовка, дистрибуција и служење на храна во безбедни и контролирани услови. Овој објект ќе има капацитет за подготовка и служење на дополнителни 9.000 оброци на дневна основа, односно преку 2.000.000 оброци годишно со што ќе ги дуплираме досегашните производствени капацитети. Вкупната градежна развиена површина ќе изнесува 1.800 m2, што ќе претставува најголем и најсовремен угостителки капацитет од овој тип во Република Македонија и во поширокиот регион.

Очекуваме да ги комплетираме сите планирани активности и новиот објект да биде оперативни во вториот квартал на 2019 година.

ИНТЕРВЈУ СО ЈАНА АНДОВА, ГОТВАЧ - Без двоумење го препорачувам Индустри Сервис - Со посветеност и квалитетно работење, напредокот и успехот во компанијата се неизбежни

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Индустри Сервис, Македонска компанија со Европска цел: „Почитуван, ценет и добро платен вработен“

Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим и да работиш во добро организирана и динамична работна средина, следи не и биди во тек со огласите за вработување кои ќе следуваат!

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде