Vrabotuvanje.com - ЦИНЕПЛЕХХ МКД ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели

ЦИНЕПЛЕХХ МКД ДОО Скопје



Constantin Film-Holding е основан во 1951 година, во Австрија, како компанија за дистрибуција на филмови. Во доцните 1960ти беше создадена втората база, која значеше почеток на развојот на кино индустријата во Австрија. Во 1990те во овој сегмент беа отворени 25 традиционални кина и кино центри.



Потоа, во 1993 година следуваше пресврт. Основан е Cineplexx, дел од компанијата Constantin Film-Holding. Во тоа време во Австрија се затворени голем број на традиционални кина, поради влезот на мултиплекс кината на пазарот на филмска индустрија. Constantin Film реагираше на промените и во Австрија е основана група од 20 кина, со 157 филмски платна. Покрај тие, дел од групацијата се и традиционалните кина со вкупен број од 16 кино сали.

Cineplexx International е основан во 2009 година, кога започна ширењето на Cineplexx надвор од границите на Австрија. Првото такво кино е отворено во Болцано во јужна Тирол/Италија.



Во текот на 2011 и 2012 година компанијата доживува рапидна експанзија на Балканот, отворајќи голем број на кина во Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија, а во 2023 година Cineplexx е присутен во 12 земји со 70 кина, 500 сали и повеќе од 70.000 седишта со 1700 вработени.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде