PIVARA SKOPJE AD

Пивара Скопје АД
Адреса: ул. 808 бр.12, 1000 Скопје
Веб-страница: www.polnacasa.mk
e-mail: contact.pivara.skopje@cchellenic.com
LinkedIn профил
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци и пиво, кој бележи постојан раст и одржлив развој. Ние сме продажно-ориентирана компанија, која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, кои се неизоставен дел од сите заеднички моменти, вредни за паметење.
Тука сме 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални корпорации Coca-Cola HBC и HEINEKEN и постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите консументи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Веќе 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, консументи и со заедницата на која ѝ припаѓаме. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на сите оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ЗАЕДНО РАСТЕМЕ, ЗАЕДНО СОЗДАВАМЕ
Нашата стратегија е фокусирана кон креирање раст, а нашата корпоративна култура е водена од шест силни корпоративни вредности што се темел на нашето секојдневно дејствување. Работиме врз основа на заедничка доверба, работиме одговорно и агилно создавајќи одржлив раст, во кој настојуваме да победуваме како еден заедно со нашите купувачи. А во целото тоа патување градиме заедништво и силен тимски дух. Заедно одговорно работиме, но заедно и се забавуваме.
ДАЛИ СИ ТИ НАШАТА ТАЈНА СОСТОЈКА ЗА УСПЕХ?
Наша стратегиска определба е да негуваме култура и средина во која сите ќе се чувствуваме како слободни индивидуи, но и здружени Пиварци што целат кон заедништво, синергија и страст кон градење долгорочна успешна приказна. Цврсто стоиме на заложбите дека секој вработен треба да се чувствува дека целосно припаѓа во нашата организација. Ние веруваме во нашите луѓе и за сите нив овозможуваме еднакви можности за раст и развој, затоа што тие се нашата тајна состојка за успех.
ШТО НУДИМЕ?
- Нудиме флексибилна работна средина и хибриден модел на работа, во кои слободата на работа, изразување и креативно размислување се на прво место.
- Работиме со помош на врвни технологии, иновативни решенија и групациски алатки што го олеснуваат секојдневното работење и даваат можност за лесно приспособување кон средината.
- Овозможуваме кариерни можности, во кои целиме нашите луѓе да се развиваат и да растат, како во рамките на нашата компанија, така и во рамките на двете големи корпорации Coca-Cola HBC и HEINEKEN, кои стојат зад нас.
- Се грижиме за задоволството и ангажманот на нашите вработени, го слушаме нивниот глас и тука сме да ги поддржиме.
- Веруваме во важноста на придобивките што им ги нудиме на нашите вработени. Затоа, за секој Пиварец се достапни низа финансиски и нефинансиски бенефиции, кои постојано се трудиме да ги подобруваме и да ги надополнуваме.
- Во рамките на компанијата создадовме well-being клуб – „Клуб Пиварци“, во кој се грижиме за благосостојбата и задоволството на нашите вработени, преку воведување интерни програми и активности наменети за унапредување на физичкото здравје, емотивното и менталното здравје, програми наменети за личен развој на секој вработен, како и активности за социјализација, дружење, волонтеризам и забава.