Vrabotuvanje.com - Sara Fashion
Сподели
Tweet
Сподели

 Ул 34 бр 32, Индустриска Зона Илинден
 /SaraFashionOfficial
 @sarafashionofficial
 Sara Fashion

  SARA FASHION - ДЕ-ТА ДЕЈАН  

 

СОЗДАВАМЕ МОДА ДОСТАПНА ЗА СЕКОГО – приказна која значи СЕКОГАШ ПОВЕЌЕ...

ЗА НАС

Приказната за нашата компанија Де-Та Дејан започна да ги испишува своите први страници полни со предизвици и успеси во 1999 година. Овој бизнис стартуваше со првата успешна продажба на чорапи и хулахопки, а подоцна го прошири своето потрфолио со голема понуда на долна облека, пижами, костими за капење, модни додатоци за секоја сезона, топлинки, папучки, марами, шалови, капи, ракавици, чанти за на плажа и многу други производи кои се достапни за жени, мажи и деца. Овие производи го носат името SF, а продажните места Sara Fashion, бренд кој повеќе од две децении го препознава секој.

Стартот го красеа големиот ентузијазам, желбата за успех, силната посветеност, а низ годините овие предности се засилија со уште подобар квалитет на производите, доследноста во нашата работа, постојаноста во понудата и достапноста на нашите производи. Горди сме што Сара Фешн низ годините прерасна во една од најголемите македонски комоании во својата област на производство и дистрибувија на долна облека и костими за капење. Денес, нашата компанија брои повеќе од 200 вработени лица, кои се една од клучните ставки на нашиот успех, бидејќи заедно со наштиот тим ја следиме визијата и мисијата на компанијата, а тоа е од домашен, да прерасне во Балкански, па понатаму и европски бренд за долна облека и костими за капење.

Почнавме со неколку продажни места во Македонија, а сега нашето продажно семејтство брои повеќе од 70 продажни места во Македонија, Србија и Косово во кои ја пренесуваме модата достапна за секого. Освен својот бренд Sara Fashion, Де-Та располага и со уште два бренда Sara Fashion PREMIUM и Red Star. Освен својата малопродажна мрежа, преку секторот за големопродажба во Македонија, снабдуваме над 1.000 продажни места, од кои 700 се бутици, парфимерии и фамилијарни бизниси, а дополнително, снабдуваме повеќе од 350 доставни места на национални и локални маркети. Во Србија, преку нашата сестринска фирма Sara Socks, во моментов снабдуваме околу 500 доставни места на територијата на целата Србија.

Покрај сопствените брендови, Де-Та е ексклузивен застапник на повеќе светски признати брендови и тоа: Penti, NBB, Pompea, DAGI, Donella, Apple, Milano.

Кога пред две децении ја започнавме работата со компанијата, поставивме јасна цел и визија кои ги следиме постојано, па затоа сега можеме да кажаме дека развојот на компанијата е според трасираниот пат. Сепак, нашите идеи и апсирации за успех се поголеми, а со нашите планови за развој поставуваме се поголеми стандарди и работиме за исполнување на нашите цели.

Лидер на пазарот се станува со посветеност, доверба и истрајност, а ние сме благодарни на нашиот заеднички труд, на нашите потрошувачи со кои го градиме брендот и создаваме успешна приказна која значи СЕКОГАШ ПОВЕЌЕ.

СЛЕДЕТЕ НÉ

   

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде