Vrabotuvanje.com - ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА
Сподели
Tweet
Сподели

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА

Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, „Прилепска Пиварница“ постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови.

Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.

,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Twist, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.

Крајниот потрошувач отсекогаш бил инспирација и мотивација за постојано усовршување на „Прилепска Пиварница“, со цел тој да го добие најдоброто и најквалитетното. Мисијата што ја движи „Прилепска Пиварница“ е блискоста со своите фанови, чија доверба успеа да ја придобие и продолжува постојано да ја потврдува со нови и возбудливи производи.

МИСИЈА

Мисијата на „Прилепска Пиварница“ е унапредување на пазарните позиции, освојување нови пазари, чување на интересите на фирмата и исполнување на личните интереси на сите вработени. Тоа го остварува со врвен квалитет на своите производи и услуги, кои во целост ги исполнуваат барањата на потрошувачите, во согласност со важечките закони и прописи, почитувајќи ги барањата за безбедност на прехранбените производи.

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА ДЕНЕС

Денес “Прилепска Пиварница“ е компанија во приватна сопственост чиишто инвестиции во висока технологија ја направија една од најмодерните пиварници на Балканот. Компанијата остварува околу 30 милиони евра годишен приход, држи околу 45 проценти од пазарот со пиво во Македонија и има 260 вработени. Годишниот капацитет на варилницата е 582.000 хектолитри пиво годишно. Покрај тоа, се’ уште ги полни лиценцните пијалоци Pepsi, Mirinda и 7UP. Во април 2018 Прилепска Пиварница инвестираше 6 милиони евра во нова линија за приозводство на пиво и безалкохолни газирани пијалоци од познатиот германски производител за ваков вид на опрема “Коронес“. Компанијата е одликувана од страна на Македонската православна црква со орденот Свети Климент Охридски од втор ред за несебичниот придонес и помош за црквите и манастирите во прилепскиот регион. Прилепска Пиварница денеска се гордее со круната на успехот, наградата „златна плакета“ на Пепсико, која ја имаат добиено само 18 компании во СВЕТОТ, меѓу кои и „Прилепска Пиварница“. Таа е синоним дека со посветеност, одговорност, мудро  менаџирање, грижа за вработените, околината, капиталот,  по патот на пивото може да се стаса до патот на успехот!

ПРАВИЛА НА УСПЕХОТ

Во 2016 година Кирил Самарџиоски,  пензиониран генерален директор на  Прилепска Пиварница, претседател на Управниот одбор на Прилепска пиварница , ја издаде монографијата „Сеќавања“ каде се опишани предизвиците со кои се соочувала Пиварницата од почетокот но и одличните правила по кои се воделе за да се задржат на вистинскиот пат.

Дел од тие правила се оставени како аманет за идните генерации:

Како старите копачи на злато, мора да се помириш со тоа дека треба да ископаш многу песок, од кој потоа трпеливо ќе измиеш неколку ситни зрнца злато. Успехот доаѓа кај тие што се осмелуваат и дејствуваат, а не кај тие што се плашат од последиците.

“Избегнувајте вработување на човек, кој променил многу фирми  „Камен што се тркала не тежи“.

Без исклучок навреме и во целост да ги надмирувате законските обврски кон државата

 Мотивацијата на вработените да ви биде еден од врвните приоритети во менаџирањето на компанијата

 Треба просечната плата да биде најмалку 10% поголема од просекот во државата,а најголема во општината

 Најстрого да се придржувате на својот даден збор кон деловните партнери

 Со деловните партнери, пријателство без граници, со бизнисот, коректност со почит

 Почитувајте ја конкуренцијата, може да научите нешто

 Не го цени човекот по неговиот одговор, туку по неговото прашање

 Секогаш знајте, неточната информација е полоша од никаква

 Најголема грешка може да направи бизнизменот кога има најмногу пари

КОРПОРАТИВНО ВИДЕО

Сакаш да станеш дел од нашиот тим?

Следи ја нашата компанија и биди во тек

со сите огласи за вработување

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде