Vrabotuvanje.com - БЕЛА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели

БЕЛА ДООЕЛ

  • Адреса: Бул.Србија бр.11, 1000 Скопје
  • Веб страна: www.bella.mk

 

Од нашите почетоци во 1991 година до денес, Bella прерасна во препознатлив македонски бренд за женска облека. Креираме модна гардероба, препознатлива по префинетиот стил со безвременска вредност, која го одразува стилот на модерната и деловнажена.

Веруваме во силата на секоја жена, во моќта на интуицијата во сите нас. Преку совршен спој на сила и елеганција, креираме многу повеќе од уникатна гардероба.

Нашите производи се карактеризираат со квалитет и секое парче облека е рачно изработено со истата страст, од креативна идеја, до готов производ. Нашата цел е да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти, пласирајќи беспрекорни модерни парчиња облека кои се ѕвезди во гардеробата на секоја жена, константно усовршувајќи го квалитетот и трајноста на нашите модни колекции. Изборот на висококвалитетни материјали, современата технологија и професионално обучениот кадар резултира со извонреден стил, со што Bella се етаблира како врвен моден бренд.

Грижата за клиентите е во преден план. Секој сегмент од процесот ги става нашите клиенти во својот фокус. Нашата мисија, заснована врз ненадминливата грижа за корисниците, е да им помогне на жените да имаат сопствен уникатен и впечатлив изглед.

www.bella.com.mk

Instagram: @bellamkd

Facebook: @bellaskopje

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде