Vrabotuvanje.com - МИНИСО СОЛО ДОО
Сподели
Tweet
Сподели

МИНИСО СОЛО ДОО

  • Адреса: КЕЈ 13-ТИ НОЕМВРИ ГТЦ/Л6/301, 1000 СКОПЈЕ

Минисо е јапонски бренд основан од јапонскиот дизајнер Мијаке Јунја и кинескиот претприемач Је Гуофу во Токио, Јапонија во 2013 година. Минисо активно го истражува меѓународниот пазар и како резултат на тоа, за помалку од 4 години отвора 2600 продавници. До денес, има склучено договори за франшиза со преку 60 државим вклучувајќу ги САД, Канада, Русија, Сингапур, Кина, Хонг Конг, Малезија со месечен вкупен раст од 80-100 продавници.

Брендот Минисо се промовира преку своите клучни стратегии, со ажурирање на производите на неделно ниво, ниските цени и таргетирање на потрошувачи на глобалните интелегентни производи за широка потрошувачка.

Инспириран од Јапонската мода и животниот стил, Минисо има 11 категории со вкупно над 8.000 производи. Здравје и убавина, дигитални производи, сезонски производи, лајф департмент, играчки...

Минисо не е само бренд, туку е и животен стил. Обидувајќи се однапред да ги предвидат потребите на купувачите, се враќаат кон природните производи и на своите клиенти им нудат автентични, квалитетни и лесно пристапни производи.

Минисо се фокусира на суштината на производите, внимава на квалитетот и одржува баланс помеѓу квалитетот и цената на производите. Брендот следи едноставна филозофија, дизајнирајќи производи по соодветни цени, земајќи ги во предвид природните ресурси, животната средина и рециклирањето.

Минисо внимава на општествената одговорност кон планетата, животните и луѓето и посветува големо внимание на безбедноста на продуктите кои ги произведува.

Главен слоган на компанијата е LOVE LIFE, LOVE MINISO. Сакај го животот, сакај го Минисо.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде