Vrabotuvanje.com - Кроациа Осигурување А.Д. Скопје, Друштво за Животно Осигурување
Сподели
Tweet
Сподели

Кроациа Осигурување А.Д. Скопје, Друштво за Животно Осигурување

  • Адреса: Костурски Херои бр 38 4 кат, 1000 Скопје
  • Веб страна: www.cro.mk

Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје е прва и водечка компанија за животно осигурување во Македонија. Од самото основање во 2005 година, компанијата бележи позитивен тренд на работа и ја јакне својата пазарна и лидерска позиција.

 

Брендот кој го носиме е добро препознатлив повеќе од 130 години, што претставува обврска за постојана инвестиција во квалитетот на производите и услугите, но исто така и во квалитетот на нашето работење.

Преку постојано воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници според меѓународни стандарди и праведен и брз систем на решавање на штети, Кроациа Осигурување – Живот се издвои како компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет.

  • ВИЗИЈА

Наша визија е да останеме лидер на осигурителниот пазар со квалитетот на производите кои ги нудиме, со непрекинато подобрување на постојните и развој на нови;

  • МИСИЈА

Со традицијата и довербата која ја градиме од 1884 година и комплетниот кадар им нудиме сигурност на осигурениците и нивните најблиски;

  • СТРАТЕГИЈА

Во секој сегмент од работењето сакаме да постигнеме задоволство на нашите осигуреници, бидејќи сме свесни за нашата позиција на пазарот на животно осигурување. Трајно и систематски ќе ја промовираме и развиваме свеста за потребата од животно осигурување. Преку технолошки иновации, развој на знаење, вештини и навики на нашите вработени тежнееме кон повисок степен на квалитет на сите програми за животно осигурување, придонесувајќи со тоа кон развојот на националната економија.

Управување со кариера

Кроациа Осигурување Живот е компанија која што секојдневно вложува во развојот на своите вработени. Со организирање на многубројни обуки и дообуки преку Академијата но и со учество на семинари, конференции и тренинзи за развој на вештини, ставаме до знаење каде лежи нашиот најголем потенцијал – во нашите вработени. Постојано отвораме нови можности за вработување на атрактивни работни позиции па така сите мотивирани, одговорни и образовани, агилни и поединци ориентирани кон резултати се поканети да аплицираат на еден од активните огласи за вработување или на www.cro.mk

Повеќе информации за вашата кариера во Кроациа Осигурување Живот можете да прочитате овде.

          

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде