Vrabotuvanje.com - БИОТЕК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели

БИОТЕК ДОО

Биотек е основан во 1999 година со двајца вработени и цел да се продре во клиничкиот и индустрискиот сектор. Нашата понуда од високо квалитетна опрема и потрошен материјал и обучениот персонал и врвна поддршка и услуга се причина за нашиот успех. Денес Биотек во својата групација брои над 50 вработени со цел напредок на секое поле.

Биотек и Биотек Косово се ексклузивни дистрибутери на врвна лабораториска опрема и реагенси за Македонија и Косово. Ексклузивно застапуваме дел од најдобрите производители на лабораториски регенси, потрошен материјал и опрема во светот. Во последните 20 години се докажавме како сигурен партнер во продажба на високо квалитетна лабораторска опрема и потрошен материјал, пост-продажна поддршка и сервис, како и апликативна и техничка поддршка.

Со нашето 22-годишно присутво на македонскиот пазар, станавме едни од лидерите во нашата област. Нашите производи се користат од страна на: доктори, фармацевти, биохемичари, хемичари, биолози, инженери, екологисти, лаборанти, сестри... Секојдневно ја докажуваме довербата на нашите корисници со подобрување на професионалниот пристап прилагоден на нивните потреби.

Понудата на Биотек и Биотек Косово се состои од: опрема, реагенси, потрошни материјали, сервис и резервни делови во секоја од нашите програми.

Нашата визија е да станеме регионален лидер на високо квалитетна лабораториска опрема, реагенси и лабораториски потрошен.

Нашата мисија е да сме суштински дел од секоја модерна лабораторија во клиничкиот и индустрискиот сектор, застапувајќи најсофистицираната лабораториска опрема, реагенси и потрошен лабораториски материјал како и комплетна поддршка за одржување и сервис и апликативна поддршка преку високо квалификуван и обучен кадар.   

Нашите вредности

Нудиме врвен квалитет со најдобрите цени и најдобра пост-продажна поддршка.

  • Одлично обучени вработени
  • 24 часовна поддршка
  • Залихи
  • Добро организирана, навремена достава
  • 22-годишно искуство
  • Одржување на систем за квалитет
  • Меѓународно присуство

Вашите потреби се нашата примарна цел и во тој правец секојдневно се подобруваме за задоволување на сите ваши барања.

         Активности

  • Редовна едукација на вработените преку разни видови тренинзи и обуки во земјава и странство.
  • Партиципирање на конгреси од областите кои ги покриваме.
  • Организирање на семинари и работилници.
  • Континуирано подобрување преку системот за управување со квалитет ISO 9001.
  • Регионално проширување на нашите активности.
  • Постојано реинвестираме во нашата компанија. Во 2019 година ги проширивме и реновиравме работните канцеларии по најсовремени услови..
  • Континуирани маркетинг активности.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде