Vrabotuvanje.com - ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели

ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ

СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ГОЛЕМОТО ВЕРО СЕМЕЈСТВО

 

Ние Ви нудиме можност да станете член на групацијата Веропулос.

Заедно со нас ќе ја градите визијата на тимот што секогаш победува.

Вратите на нашата компанија се секогаш отворени за млади луѓе кои сакаат и можат да го надминат сопствениот ентузијазам за работа.

Ние секојдневно вложуваме во нашата компанија, сè со цел што повеќе да се доближиме до потрошувачите. Високиот квалитет на услугите во нашите супермаркети произлегува од стручноста, компетентноста и мотивираноста на нашиот кадар.

Ние бараме млади луѓе со силен потенцијал, кои сакаат да ги прошират погледите кон светот, да научат за нови култури, да вложуваат во работа која ги наградува и да соработуваат со луѓе кои го пренесуваат ентузијазмот во работата.

Основните принципи врз кои се заснова нашата стратегија за работа со нашите кадри се следните:
– континуирано усовршување во облик на тренинзи, семинари и проценки на извршените услуги;
– разговори со вработените;
– оценки и наградување;
– јавно промовирање на истакнатите вработени;
– реално оценување на желбите и можностите за унапредување на поединци.

Нашето Веро семејство секојдневно расте и се надоградува. Вашата успешна кариера можеби ќе започне токму со нас.

Работењето во ВЕРО претставува неисцрпен извор на искуства и можности.

За вработување во Веро може да аплицираат сите лица кои сметаат дека ги поседуваат следниве карактеристики:
– возраст од 18-35 години,
– најнизок степен на образование – ССС,
– интерес за работа во малопродажен сектор,
– способност за работа во интернационално опкружување,
– самостојност,
– желба за запознавање нови луѓе,
– тимска работа,
– чувство на иницијатива и одговорност,
– висок степен на ентузијазам.

Категории на вработувања за кои можете да аплицирате се следниве:
– продажен персонал
– менаџмент
– администрација

НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ

Сакате да градите кариера во ВЕРО?

Следете ја компанијата и бидете во тек со

сите огласи за вработување

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде