Vrabotuvanje.com - ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели

ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ

  • Адреса: Аминта Трети бр.37/1/кат 1 – дп 002 и 001, Центар, 1000 Скопје
  • Веб страна: www.tigo.mk



ЗА НАС

ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.

​Веруваме дека секој треба да има пристап до пари кога му е најпотребно.

Наши вредности се:
• Целосна посветеност на нашите клиенти
​• Флексибилност и индивидуален пристап
• Транспарентност во работењето
• Взаемна доверба со нашите клиенти
• Високи етички и морални вредности

​​​
ШТО НУДИМЕ

​• Нудиме брзи кредити од 2.000 до 80.000 денари, со рок на отплата од 30 дена. Дополнително во рамките на овој кредит, постои можност за отплата на подолг временски период, со повеќекратни плаќања до 3 месеци. Користењето на оваа опција подлежи на провизија. При аплицирањето, добивате инстантен одговор за својот кредит, односно максималниот износ кој Ви е одобрен и може да го подигнете.


ЧЛЕН НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ФИНАНСИСКИ ДРУШТВА

TИГО ФАЈНАНС е основач на Асоцијацијата на Финансиски Друштва и се залага за одговорно кредитирање, со цел долгорочна соработка, позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот, како и повисоко ниво на заштита и јасни правила на соработка со клиентите.

​Ознаката за сообразност - „Одговорен Кредитор“, овозможува препознавање на оние кредитори кои се приклучени и посветени на работа во согласност со принципите поставени од страна на асоцијацијата и потпишаниот Кодекс за Добра Пракса.


КАРИЕРА

ВРАБОТЕНИТЕ СЕ НАШИОТ НАЈЗНАЧАЕН РЕСУРС!
ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО ТИГО ТИМОТ!

Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје го гради својот углед како компанија со силен интегритет, во согласност со високите бизнис стандарди во индустријата во која функционира, благодарение на напорите и посветеноста на своите вработени.

Нашата компанија спроведува политика на еднакви можности и еднаков третман за сите, создавајќи работна атмосфера во која секоја индивидуа има можност да ги покаже своите вредности, а со тоа да ја збогати палетата на високи стандарди на човечки капитал.

Ние работиме во спроведување на визијата и целите на компанијата, водејќи се од начелата на законитост, стручност, компетентност, професионална етика, објективност, доверливост и одговорност. Угледот на компанијата зависи од нашиот личен интегритет и нашата посветеност.

​Поради континуираниот раст на ТИГО Фајнанс, отворени сме за професионалци од различни полиња кои одговараат на овие начела. Работиме на развој на потенцијал преку постојано усовршување, со што ги подобруваме знаењето, компетенциите и личните капацитети.

​Доколку сте личност која се стреми кон постојано усовршување во цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме со Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик АПЛИЦИРАЈТЕ на vrabotuvanje@tigo.mk.
 

    

www.tigo.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде