Vrabotuvanje.com - РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели

РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА

ЗА НАС

Рамстор, кој во Македонија започна со работа во 2005 година е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш, најголемиот ланец на маркети во областа на меѓународните маркети за малопродажба.

Како резултат на успешната работа и квалитетната услуга во малопродажниот сектор на Македонија во последните 12 години, а во насока на својата мисија и визија денес Рамстор ги нуди своите услуги во 7 различни градови низ Македонија со вкупно 25 маркети на вкупна површина од 22,100 m2

На 10 јуни 2005 година го отворивме првиот маркет во Скопје, а потоа следуваа маркетите во Тетово (2006), Општина Чаир во Скопје (2009), Тетово (2010) Општина Ново Лисиче (2010), Тетово (2012), Струга (2013), Охрид (2013), Општина Кисела Вода (2012),  Општина Горно Лисиче (2013), општина Аеродром (2013), Општина Капиштец (2013), Куманово (2013), Рамстор Експрес Скопје (2014), Водно (2015), Експрес во Струга (2015), Општина Дебар Маало Рамстор Експрес (2015), Кичево (2015), Аеродром (2015), City Mall (2016), Ramstore Express Куманово (2017) , Охрид Express (2017), Струмица (2017) , Рамстор Тафталиџе (2018), Рамстор Север (2018) со што денес имаме вкупно 25 маркети.

Форматот Рамстор Експрес е креиран со цел да ги задоволи основните потреби на граѓаните на помал простор, да им овозможи да заштедат време и да ги искористат придобивките кои ги нудат бројните попусти и кампањи исто како во големите супермаркети.

Порастот на бројот на вработени во развиените економии придонесува за растење на желбата кај поединците да одвојат повеќе време за себе, помалку време да поминуваат во купување. Во оваа смисла, нашите клиенти сакаат блиску до местото на живеење и работа да најдат разни видови производи од повеќе брендови и купувањето да биде брзо.

Сето ова укажува на долгорочните сериозни планови на Рамстор во согласнст со растот во Македонија кој сеуште трае. Денес во Македонија имаме вкупно 650 вработени и нормално новите инвестиции со себе ќе донесат и нови вработувања.

Во текот на овие 12 години, додека им пружавме различно искуство во купувањето на нашитеклиенти во еден сосема нов свет на пазарењето, си поставивме за цел да ги пренесеме свеста за квалитетна услуга и квалитетни производи. На најдобар можен начин ги пречекуваме нашите купувачи во супермаркетите на Рамстор нудејќи им разновидни и свежи производи. Во овој период не само што имавме физички инвестиции туку инвестиравме и во безбедноста на нашите купувачи стекнувајќи се со сертификатите за безбедност на ISO 22000:2005 и HACCP.

Лојалноста на муштериите за нас е значајна тема и во голем дел од прометот на Рамстор се користи Рамстор клуб картичка. Успехот на  Рамстор клуб картичка програмата за лојалност произлегува од  тоа што нуди предности и е лесен за употреба.

Во изминатите 12 години, покрај отворањето на Трговскиот центар и 20 маркети на 17.09.2014 година започна со работа Рамстор контакт центарот се со цел на нашите муштерии да им обезбедиме најдобра можна услуга. Оваа услуга е прва од овој вид во малопродажниот сектор во Македонија и со воведувањето на Рамстор Контак Центарот  станавме предводници на пазарот во однос на ова прашање. Со задоволство може да кажеме дека Рамстор е лидер во овој сектор.

ВРАБОТУВАЊЕ

Рамсторе Македонија  своите стратегии ги  креира во насока на обезбедување на одржлив квалитет, углед и лидерство во секторот покажувајќи разбирање за задоволството на клиентите со чија помош стандардите во малопродажниот сектор би се подигнале на повисоко ниво. Целта на човечките ресурси на Рамсторе е воспоставување на системи кои ќе обезбедат континуиран развој, мотивација и управување со човечките ресурси и воедно ќе создадат можности за конкуренција при имплементацијата на овие стратегии на компанијата како и нивна примена согласно корпоратвните начела. Нашата основна задача е воспоставување и имплементација на објективен систем на човечки ресурси кој е во согласност со стратегиите и вредностите на компанијата и кај вработените поттикнува задоволство и лојалност кон компанијата.Рамсторе се грижи за своите вработени и секој има можност за напредок во кариерата кај нас.

Биди и ти дел од големото Рамстор семејство

Следи ја компанијата и дознај прв за сите огласи за вработување

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде