Vrabotuvanje.com - Атлантик Група
Сподели
Tweet
Сподели

Атлантик Група

Атлантик Група е компанијa која ги обединува производството и дистрибуцијата и произведува некои од најсилните и најомилените регионални брендови како Grand kafa, Smoki, Bananica, Cedevita, Argeta i Cockta. Моментално е присутна на 8 европски пазари, а нејзините производи кои се произведуваат во 16 фабрики можат да ги вкусат луѓе распространети на повеќе од 40 земји. Во текот на своите 28 години прерасна во еден од најдинамичните бизнис системи во регионот, која значителен дел од своето работење го реализира во ЕУ, обединувајќи го производството и дистрибуцијата на некои од најсилните регионални и светски брендови, за кои повеќе можете да прочитате тука.

16 производни погони

8 земји во кои сме присутни со сопствени компании

присутност на производите на над 40 пазари 

Кариера во Атлантик Група 

Во деловниот систем на Атлантик Група секој може да ја пронајде својата можност, од унапредувачи на продажба и бренд менаџери, до специјалисти за финансии и инженери во производство. Во шареноликоста на работните позиции единствено нешто што е заедничко е тоа што работат страствени, креативни и одговорни луѓе кои во Атлантик се чувствуваат како “свој на своето”. Љубопитни се, истражуваат и ги користат сите можности кои им ги дава околината и на тој начин го остваруваат својот целосен потенцијал.

5.300 вработени

1.170 активни спортисти 

45.800 развојни часови годишно

 

Можност да играш во добар тим.

Иван Шимиќ, трговски претставник: “Најважно ми е што работам со колеги кои се позитивни и со раководители кои ме поддржуваат. Секој ден е различен, а насмевките или шегите помагаат да се заврши работата полесно и побрзо.”

 

Што те чека во Атлантик

Големите работи настануваат кога луѓето се вистински инспирирани, кога го работат она во што веруваат и што го сакаат, а во Атлантиковиот океан на различни функции и проекти, секој има можност да ја пронајде и да ја креира работата која што го исполнува. На Вашиот кариерен пат во Атлантик, сакаме да ви биде интересно и предизвикувачко, но исто така пријатно и забавно, па така Ве чекаат и низа привилегии; флексибилно работно време и место на работа, LEARN@Atlantic системот на едукации, програми за развој на таленти, повеќе од 30 спортски клубови, бесплатен систематски преглед за сите вработени, слободен работен ден за родителите кои имаат првачиња, солидарна помош за колегите во вонредни животни околности и низа други активности за кои подетално можете да истражите тука

Покрај добрата работа следува и добра забава, но повеќе за нашите легендарни забави ќе дознаете откако ќе ни се придружите :). Следете не на нашиот LinkedIn профил и погледнете во животот зад кулисите на Атлантик Група.
Многу работи ги правиме добро, но свесни сме дека секогаш постои простор и за подобро. Поради тоа, погледнете како вработуваме и кои се отворените работни позиции во моментов тука и придружи ни се!

Можност да бидеш важна алка

Кога ќе го погледнам својот тим, гледам квалитет. Кога ќе ги погледнам нашите производи, гледам квалитет. Кога ќе видам задоволни потрошувачи, знам дека квалитетно сме ја завршиле нашата работа. 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде