Vrabotuvanje.com - Регионален Менаџер - Штип, Кочани, Крива Паланка - Штип, Кочани, Крива Паланка - Кам маркет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Регионален Менаџер - Штип, Кочани, Крива Паланка

Штип, Кочани, Крива Паланка

Рок за пријавување:

  • Кам маркет

 

КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 65 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи. 

 
Поради понатамошен развој, Компанијата има потреба од:
 
Регионален Менаџер 
(реон Штип, Кочани,  Крива Паланка)

 

Потребни квалификации:
  • ВСС (високо образование) – пожелно економски факултет;
  • Работно искуство минимум 2 години, пожелно во областа (продажба, маркетинг, производство).
  • Претходно искуство на раководна позиција (раководител на тим), од минимум 1 година. Раководни и лидерски способности;
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност. 
  • Одлично познавање на софтверски решенија- MS Office. 
  • Одлично познавање на Англиски јазик. Втор светски јазик ќе се смета за предност;
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок.
  • Способност за разрешување на проблеми. 
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.
 
Работни задачи: 
  • Раководење, организирање, контролирање и едуцирање на персоналот во своите маркети. 
  • Со комуникација и контрола на сите аспекти на работењето на персоналот претставува алка помеѓу централата и маркетите, пренесување на информациите и упатствата од централата и обезбедување нивна примена. И обратно, информирање за проблемите на маркетите и отстранување согласно овластувањата.
  • Својата функција на организација и контрола ја остварува преку точно дефинирани контроли и мерки директно во маркетите. За секоја неделна посета на маркет изготвува детален извештај. До 5ти секој месец изготвува месечен извештај за секој маркет. 
  • Обезбедување примена на сите (квалитативни и сигурносни) стандарди во работењето, согласно важечките закони и правилата и нормите на компанијата.
  • Менаџирање и оптимирање на процесите за проток и продажба на стока во маркетите. 
  • Спроведување на мерките за максимална економичност во работењето и текот на сите процеси во маркетите. 
  • Предлагање на мерки за отклонување на проблеми, унапредување на работењето и успешноста.
 
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) користејќи го полето „Аплицирај“.
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде