Vrabotuvanje.com - Оператор на Лужилница - Скопје - ArcelorMittal
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор на Лужилница

Скопје

Рок за пријавување:

  • ArcelorMittal

 
АрцелорМиттал Скопје, дел од групацијата Либерти Стил, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. 
 
Оператор на Лужилница
 
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Работи на главна табла на излезен дел 
  • Го води и контролира електронското евидентирање на текот на материјалот
  • Зема учество во сите технолошки операции на излез 
  • Ги контролира сите помошни табли 
  • Го стартира и стопира целоупниот процесен изелзен дел 
  • Го контролира квалитетот на материјал (ширина, обрез, површина, лужење, техника) 
  • Ја конторлира исправноста на постројката на излезен дел и сигнализира за сите неисправности кои ќе се појават 
  • Учествува во отстранување технолошки отпад од соодветното работно место 
  • Учествува при чистење на кади, таложник, скрубер
  • Учествува при влечење на скината трака низ кади
  • Повремено учествува во одржувачки активности за кои претходно е обучен и квалификуван 
  • Активно учествува во отстранувањето на дефекти од машинска природа кои настануваат на линиите
  • Ги вклучува и исклучува машинските системи (хидраулика, моргоил, редуктор, отпадна вода, јама за емулзија, пареа ,воздух, вода)
  • Активно учество во плански санации и ремонти на постројката
  • Врши контрола и евиденција на потрошувачките на енергенси и флуиди и нивно правилно користење
  • Правилно ги употребува алатите и помошните средства при демонтажа, санација и монтажа на опремата како и при заварување
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен
 
Потребни квалификации:
  • ССС 
  • Работно искуство од мин. 1 годинa 
Личен профил:
  • Професионална експертиза
  • Можност за работа во смени 
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација со назнака “Апликација за позиција – Оператор на Лужилница“ најдоцна до 20.09.2019 година.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде