Vrabotuvanje.com - Продавачи II категорија - Градско, Велес - МАКПЕТРОЛ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Продавачи II категорија

Градско, Велес

Рок за пријавување:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 7 (седум) работници на определено време од 3 (три) месеци, на работно место продавач II категорија на бензинска станица во Градско во Регион Велес во Дирекцијата за малопродажба.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
  • Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 22.000 денари.
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
 

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 

лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
 
„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде