Vrabotuvanje.com - СОС Домаќинка - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

СОС Домаќинка

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

СОС Детско село Скопје преку една од своите програми поддржува згрижувачки семејства каде деца без родители и родителска грижа добиваат топол дом и родителска љубов, и стекнуваат чувство на припадност и сигурност.

СОС Детско село Скопје има потреба од мотивиран и искусен кадар кој ќе ги поддржи згрижувачките семејства во обезбедување грижа и топол дом за деца без родители и родителска грижа.

Со таа цел, Приватната установа СОС Детско село Скопје огласува 1 (едно)  слободно работно место на определено време

сос домаќинка

 

Опис на работата:

СОС Домаќинката е поддршка на згрижувачот кој се грижи за деца кои му се доделени во негова грижа.

СОС Домаќинката дава поддршка во секојдневните активности поврзани со децата и домот (одржување на хигиена, набавки во семејството, подготовка на оброци, грижа за развојот на децата)

Клучни задачи:

  • СОС Домаќинката дава подршка на згрижувачите кон нивните секојдневни задолженија и активности поврзани со децата и семејниот дом.
  • Дава поддршка во директна грижа за развојот на децата (одржување на лична хигиена на децата, правилна исхрана, посети на лекар) и при воспитно образовната работа со децата (помош при завршување на училишните обврски, посета на културно-забавни манифестации, учество во слободни активности на децата,) гради и негува стабилен однос со децата
  • Дава поддршка при реализирање на секојдневните активности во згрижувачкото семејство (набавка на прехранбени производи и други производи потребни за домаќинството, подготвување на оброци и одржување на хигиената во домаќинството,)
  • Помага на децата во учење, систематски ги развива работните, хигиенските и културните навики кај децата, се грижи за здравјето на децата, се грижи за редовно земање на пропишаната терапија и пропишан режим на исхрана.
  • Помага на децата во учење, во развивање на работни, хигиенски и културни навики.
  • Ги следи и се придржува до СОС стандардите и политиките, со особен акцент врз заштитата на децата.
     

Работни услови:

  • Вработените во СОС Детски села имаат можност постојано да ги надградуваат своите знаења и вештини преку обуки, индивидуална и групна супервизија и размена на искуства;
  • Работа на определено време  
  • Работа во смени, празници согласно изготвен распоред
     

Карактеристики  (Потребни компетенции):

СОС домаќинката ги исполнува следните услови:

  • Има најмалку средно образование
  • Не е осудуван/а
  • Умее да одговори на развојни потреби на децата
  • Флексибилност и способност брзо да се прилагодува на различни семејства и деца
  • Отвореност и толерантност кон различни култури
  • Возраст од 35 – 45 години (се зема за предност)
  • Искуство во работа со деца
  • Има добри вештини на комуникација, позитивен став кон работите и околината која ja опкружува

Како да се пријавите за Домаќинка ?

Доколку имате желба да станете СОС Домаќинка, Ве молиме да ја испратите Вашата кратка биографија-како би имале увид во Вашето досегашно искуство и испратете ја најдоцна до 19.09.2021 со назнака Оглас за СОС Домаќинка на:

Адреса: СОС Детско Село Скопје
ул. Финска бр 131
1040 Скопје

E-mail:  kariera@sos.org.mk

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Грижа (за деца, за постари лица...) изнесува 16.702 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде