Vrabotuvanje.com - Негувателка / Воспитувачка - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Негувателка / Воспитувачка

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Ресорт Маврово вработува

НЕГУВАТЕЛКА / ВОСПИТУВАЧКА

 

Работни задачи и одговорности на Негувателка / Воспитувачка:

  • Води грижа за здравјето и безбедноста на децата;
  • Се грижи за хигиената и чистотата на децата;
  • Припрема храна за децата и помага во нивно хранење;
  • Планира дидактички методи,форми и принципи на работа со деца од предучилишна возраст;
  • Работи на адаптацијата и социјализацијата на децата како и на унапредување и развивање на интелектуалните и комуникациските вештини;
  • Создава основа и интерес кај децата за развивање на основните културно-хигиенски и работни навики;
  • Ги знае и разбира развојните фази кај децата од предучилишна возраст и планира едукативни активности согласно нивната возраст;
  • Oсмислува и развива outdoor активности во природа за децата, кога временските услови го дозволуваат овој метод на работа.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Лојалност и чесност;
  • Доверлива личност;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата;
  • Флексибилност и адаптибилност;
  • Желба за работа со деца;
  • Jа сака планината и ја адаптира својата програма за outdoor активности во природа.

Потребни квалификации:

  • ВСС (Педагошки факултет, насока Предучилишна возраст, Педагогија);
  • Потребно е искуство на слична работна позиција и препораки од претходни работодавачи;
  • Флексибилно работно време.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • 8 слободни денови во месецот;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Можност за напредок, награди и бонуси;
  • Обуки и тим билдинг активности.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Рок за пријавување на огласот: 31.12.2021

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: hr@resortmavrovo.com и во subject наведете Негувателка / Воспитувачка.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски – Сектор за Човечки ресурси, К.А.К. ДОО

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Грижа (за деца, за постари лица...) изнесува 16.702 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде