Vrabotuvanje.com - Самостоен референт за информациска сигурност - Скопје - Халкбанк А.Д. Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Самостоен референт за информациска сигурност

Скопје

Рок за пријавување:

  • Халкбанк А.Д. Скопје

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на нововработени лица  на следната работна позиција:

Самостоен референт за Информациска Сигурност
во Централата на Халкбанк А.Д. Скопје
Референца Бр. 002/2022

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 
  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки или искуство во ИТ ревизија; 
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.
 
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
  • Искуство во пратење и имплементација на стандарди, PCI DSS, ISO 27001, ITIL, COBIT
  • Познавање на Windows околина;
  • Познавање на Linux ќе се смета за предност;
  • Активно го следи развојот на стандардите, технологијата, како и заканите  од дигиталниот простор;
  • Поседување на релевантни сертификати од областа на сигурноста ќе се смета за предност;
  • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа;
  • Аналитичност.
 
За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
  • Комуницира со сите Организациски единици и врши проценка и анализа на информативни ризици;
  • Врши планирање и имплементација на промени во информациските системи;
  • Спроведува, објаснува и документира  нови концепти, проекти, системи и процеси;
  • Учествува во решавање на инциденти и решавање на проблеми;
  • Работи на одржување на свеста за ризиците кај вработените;
  • Врши преглед на инциденти поврзани со влошување на системот за информациска сигурност, слабости и грешки во системот на Банката;
  • СРСИС е одговорен за идентификување и мерење на нефинансискиот оперативен ризик како резултат на нарушување на безбедноста на информациите;
  • Дава спецификација на безбедносните услови кои треба да бидат вклучени во договорите со трети лица во врска со сигурноста на информативниот систем на банката;
  • Употребува корелациони алатки за да ги разгледа сите ревизорски траги и други релевантни форми на записи, чувани во ИТ системите на Банката;
  • Асистира во развој, имплементација и промоција на Планот за континуитет во работењето (ПКР) и План за обнова од катастрофи (ПОК);
  • Ги разгледува и ги следи Договорите за нивото на услуги од надворешни лица (Service Level Agreement) и Outsourcing активностите за усогласеност со поврзаните политики и упатства преку проценка на договори и прашалници за аутсорсинг, на периодична основа;
  • Врши внатрешни и надворешни проценки на ранливостите по информативните системи, скенира со автоматизирани алатки и следи напредок во спроведувањето на препораките;
  • Учество во проекти за унапредување на процесите, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.
 
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 18.05.2022 година на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 002/2022 – Самостоен референт за информациска сигурност.
 
За да аплицирате, потребно е да ни доставите ваше резиме (CV) на англиски јазик со фотографија. Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни. 
 
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.
 
Напомена: Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Банкарство изнесува 34.278 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде