Vrabotuvanje.com - Машински инженер - Скопје - ОЗОН ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Машински инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОЗОН ДООЕЛ Скопје


Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.

Озон ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.

За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:

Машински инженер - со или без работно искуство

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Студент или Завршен Машински Факултет со желба за учење
  • Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност
  • Познавање програми за 2Д и 3Д цртање
  • Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
  • Солидно познавање англиски јазик
  • Да поседува позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата

За следниве работни задачи

  • Водење планови за производство, изработка на листи, работа во “CAD/CAM” софтвер, пратење на производствен тек, извршување работни задачи околу организација на производство
  • Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство
  • Комплетирање документација за проекти, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди
  • Организација и архивирање документација за тековната работа
  • Изработка на извештаи 
  • Примена и реализација на современи решенија и технологии
  • Контрола на квалитет

Се добиваат следниве услови за работа

  • Редовни месечни примања
  • Работа во прва смена
  • Организирана исхрана
  • Исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување
  • Награди за квалитетно извршување на работните задачи
  • Можност за вработување на неопределено време
  • Можност за обука и стекнување нови знаења
  • Можност за осигурување 24h од незгода (последици од несреќен случај)
  • Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух
  • Природно осветлување и пријатна работна средина

Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија преку Брзата Апликација или јавете се на телефон: 02 3091212 и закажете го вашиот разговор.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде