Vrabotuvanje.com - Машински инженер (продажба) - Скопје - ОЗОН ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Машински инженер (продажба)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОЗОН ДООЕЛ Скопје


Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.

Озон ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.

За потребите во делот за продажбата на опрема за климатизација и чисти соби огласуваме слободно работно место на позицијата:

Машински инженер

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Завршен Машински Факултет со желба за понатамошно учење и развој
  • Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност
  • Познавање програми за 2Д и 3Д цртање
  • Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
  • Солидно познавање англиски јазик
  • Да поседува позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата

За следниве работни задачи

  • Водење и изработка на планови за продажба, презентации
  • Комуникација со клиенти по е-маил, телефон и посета
  • Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за продажба
  • Избор на опрема, пресметка на делови и изработка на понуди со технички карактеристики
  • Организација и архивирање документација за тековната работа
  • Изработка на извештаи
  • Пресметки и изработка на 2Д и 3Д цртежи кога е потребно
  • Примена и реализација на современи решенија и технологии

Се добиваат следниве услови за работа

  • Редовни месечни примања
  • Работа во прва смена
  • Организирана исхрана
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување
  • Награди за квалитетно извршување на работните задачи
  • Можност за вработување на неопределено време
  • Можност за обука и стекнување нови знаења
  • Можност за осигурување 24h од незгода (последици од несреќен случај)
  • Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух
  • Природно осветлување и пријатна работна средина

Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија преку Брзата Апликација или јавете се на телефон: 02 3091212 и закажете го вашиот разговор.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде