Vrabotuvanje.com - Возач на товарно возило - Скопје - ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Возач на товарно возило

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО

 

ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО СКОПЈЕ-Компанија со дејност трговија со зрнести производи, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми и суровински материјал за слаткарство, пекарство, пивска и месна индустрија, индустрија за сокови и пакување, заради зголемен обем на работа има потреба од:

ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО - 2 извршители
 

Услови:

  • Возачка дозвола за Б и Ц категорија;
  • Завршено средно образование;
  • Предност ќе имаат кандидати со претходно работно искуство како возач


Личен профил:

  • Добри  организациски способности и одговорности;
  • Самоиницијативност, енергичност и одговорност при извршување на работните обврски;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови;
  • Прецизност и одговорност.


Одговорности и задачи:

  • Управува со товарно моторно возило
  • Врши превоз на стоки до местата наведени во патниот налог
  • Се грижи за основната техничка исправност, регистрација, редовен сервис и хигиена на возило;
  • Има обврска да води уредна документација за својата работа;
  • Извршува и други работни задачи по наредба на непосредно претпоставениот раководител и Управителите на друштвото;


Ние нудиме: 

  • Редовна плата која може да прогресира во зависност од перформансите и работната успешност;
  • Позитивна и пријатна работна атмосфера;
  • Можност за професионален развој;

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV да бидат собрани и обработени од ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат о обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицираат.

Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Доколку овој Оглас е предизвик за Вас, Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата “ЗА ОГЛАС ЗА ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО - 2 извршители

Напомена:
Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови кои се наведени во Огласот се молат да не аплицираат;
САМО кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликации без назнака нема да бидат разгледани.

ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде