Vrabotuvanje.com - Возачи на автобуси - Д категорија - Словенија - Salax
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Возачи на автобуси - Д категорија

Словенија

Рок за пријавување:

  • Salax
 

Една од најголемите автобуски компании во Европа имаат активни огласи за вработување на возачи на автобуси со Д категорија.

Комапнијата се занимава со обезбедување транспортни услуги за патниците за урбаните, приградските, меѓуградските области, како и транспортни услуги на патници во меѓународниот сообраќај со скоро 32 милиони километри на годишно ниво.

Во истата таа компанија вработени се околу 1000 возачи кои управуваат со 550 возила. Представништва на компанијата има во речиси сите поголеми градови во Словенија како Љубљана, Марибор, Крањ, Копер, Ново место, Птуј, Пиран, Ил. Бистрица, Сл. Бистрица, Порторож и ги поврзуваат меѓусебно со меѓуградски линии.

Возачи на автобуси - Д категорија

Словенија

Идеален кандидат за нас е оној кој:

  • Поседува важечка Д категорија возачка дозвола;
  • Искуството не е задолжително;
  • Зборува и познава барем еден од следниве јазици: Хрватски, Српски, Босански, Словенечки или Англиски со цел полесна комуникација во работната средина, работодавецот и деловните партнери;
  • Претходно не бил осуден за дело за кое може да се изрече затворска казна;
  • Знае да се прилагодува на потребите на работата и околината;
  • Се снаоѓа во колектив и како поединец;
  • Фокусиран, искрен, трудољубив;
  • Поседува важечки патни исправи;
  • Сака да учи и да напредува;

Работни обврски кои треба да ги исполнувате, а за сите нив однапред има план за обука!

  • Подготовка и управување со автобусот во согласност со патниот налог;
  • Продавање и контролирање на билети и секојдневно наплаќање и поднесување на промет;
  • Точност на возен ред на автобуските линии и грижа за чистота на автобусот;
  • Следење и брзо и правилно пополнување на талисманот на тахографот и друга документација;
  • Извршување на други задачи по наредба на предпоставениот и во согласност со прописите;

Работодавецот ви нуди:

  • Организирана обука од страна на искусни инструктори во оваа област;
  • Одржувана и исправна опрема за работа;
  • Нови и средени автобуси.
  • Уредна работна средина и позитивна работна атмосфера;
  • Организирано полагање за КОД 95;
  • Пензиско и здравствено осигурување;
  • Обезбедено сместување во близина на компанијата;
  • Обезбеден бесплатен курс за Словенечки јазик;
  • Редовна исплата на плата за договорената работа;
  • Бесплатно посредување на документи за работа и престој во Словенија (за кандидати без Еу пасош)
  • Годишен регрес од околу 1500 до 2000€ и божиќница во износ од околу 1000 до 1500€;
  • Секој возач добива бонус во износ од 1.200 евра бруто (600 евра по успешен пробен период и 600 евра по 1 година континуиран работен однос).
  • Бенифицирана работа, 12 месеци се сметаат за 14.
  • Месечни бонуси за успешност од 16%.
  • Надоместок за транспорт во износ од 0.21€/км;
  • Надоместок за хранарина во износ од 7,96€.
  • Почетна основна плата во износ од 1600 -1700€ .

Се повикуваат сите заинтересирани да ни испратат кратко CV или податоци како:

  • Име и презиме,
  • Дата на раѓање,
  • Адреса на живеење,
  • Телефонски број,
  • Маил адреса,
  • Образование,
  • На кратко објаснување за вашето работно искуство...

Со назнака „за возач на автобус“ на местото одредено за апликација на -Вработување- или на е-маил адресата goran.mehandziski@salax.si

Штом ќе ги добиеме вашите пријави ќе стапиме во контакт да поразговараме околу деталите и целиот процес која следува.
Потоа следува пробна работа за која имате обезбедено и платено сместување за 3 дена. Првиот ден ќе биде презентација на работата и опремата, вториот ден ќе биде возење- пробно, додека третиот ден ќе бидат лекарски прегледи и потпишување на договор.

Ве очекуваме.

Следете не на:

FB profile: https://www.facebook.com/profile.php?id=100075055490601

Instagram: HR agent Goran - Salax (@hr.agent.goran.salax)

FB page: https://www.facebook.com/profile.php?id=100090011628068

Linkedin: https://www.linkedin.com/in/goran-mehandjiski-5b05132b6/

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде