Vrabotuvanje.com - Инженер за животна средина - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за животна средина

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата
 
Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Инженер за животна средина
 
 
Инженерот за животна средина ги следи националните и европските законски барања кои се однесуваат на заштита на животната средина и известува на настанатите промени. Одговорен е за одржливо постапување со отпад во кругот на фабриката. Преку дефинирани задачи, придонесува за оптимално функционирање на Системот за управување со животна средина согласно стандардот ISO 14001:2015. Учествува во следење на емисиите, калибрација на инструментите и изготвување на извештаи за состојбата на животната средина. Учествува во избор на алтернативни горива кои може да се користат во компанијата и помага за нивна зголемена примена. Соработува со регулаторите и развива добри релации со сите заинтересирани, отворен за нови знаења, но и за пренесување на сопствените знаења на другите вработени.
 
Работното време е 40 часа неделно и од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место изнесува од 43.000 до 60.000 денари, додека Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Квалификации:
  • ВСС/VII степен образование од технички факултет (технолошки, хемиски, машински инженер -насока енергетика и екологија, инженер за заштита на животна средина и други)
  • Работно искуство од 3 години ќе се смета како предност
  • Поседување на Сертификат за управување со отпад или други сертификати од областа на заштита на животна средина ќе се смета за предност
  • Општи познавања за добри производни практики и можни влијанија врз животната средина
  • Познавања за одржливо постапување со отпад се смета за предност
  • Познавање на MS Office апликациите
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Конкурентски предности:
  • Комуникативност и флексибилност
  • Посветеност во работата
  • Добри организациски вештини
  • Ефективност и ефикасност во работењето
  • Желба за учење и работа во средина со високи барања

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата 
на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk .

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде