Vrabotuvanje.com - Адвокат - Битола - ФД СН-Финансии Доо Битола
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Битола

Рок за пријавување:

  • ФД СН-Финансии Доо Битола
  • Адреса: Ул.Генерал Васко Карангелески бр.31, 1000 Битола
  • Веб страна: https://krediti.com.mk/

Адвокатска канцеларија Ангелина Јошевска – Битола објавува оглас за вработување за следната позиција: :

 

АДВОКАТ

 
 

Кандидатот потребно е да ги има следниве квалификации:

Потребни квалификации

  • Завршен Правен факултет;
  • Положен правосуден испит;
  • Најмалку 2 години работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија;
  • Напредна работа со компјутер и MS Office;
  • Активно познавање на Англискиот јазик; 

Потребно работно искуство во следниве области:

  • изготвување на платни налози, тужби, жалби, опомени, дописи до државни органи, извршители, нотари, адвокати, поднесоци, договори, одлуки, решенија и други правни акти;
  • застапување пред надлежни судови во граѓански, стопански и работни спорови, како и стечајни и ликвидациони постапки;
  • застапување пред надлежни органи во управни постапки и управни спорови пред Управен Суд;
  • практично познавање на материјалните прописи од областа на граѓанското, финансиското, стопанското, работното, стечајното и друго сродно право;
  • изготување на документи за сите постапки пред Централен регистар;
  • изготвување на правни мислења и давање на правни консултации;
  • редовна и секојдневна комуникација со клиенти, нотари и извршители;
  • самостојано, стручно и професионално постапување по горенаведените точки. 
     

    Бенефиции

  • платени обуки
  • тим билдинзи
  • бонуси и награди
  • користење на фитнес простор и фитнес тренер, спа центар
  • попусти и можност за плаќање на рати за различни услуги во повеќе компании
  • учество на спортски, рекреативни настани
  • дополнително приватно здравствено осигурување после една година работен стаж
  • персонализирани подароци за новоророденче
  • пријавување во различни активности децата на вработените

Плата по договор.

Сите заинтересирани кандидати да достават CV на Македонски јазик преку полето Брза Апликација

Ве молиме во Вашето CV наведете практични искуства на конкретни проекти од правните области наведени погоре.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде