Дончо Јовановски и Цутка Јованоска се големи ентизијасти, поборници на здравата исхрана и љубители на животните, луѓе со интегритет кои со здружени сили ја градат приказната за „Среќна Фарма“.
Тимот на Кајак.мк има една и единствена цел, а тоа е да ги извади на површина сите локални херои кои вредат за Македонија, кои вредат за развојот на оној туризам кој за жал се уште е недоволно застапен во нашата земја. Од особена чест и неизмерна радост Ви ја споделуваме приказната на Дончо Јовановски, Цутка Јованоска кои со здружени сили ја градат приказната за „Среќна Фарма“.- велат од тимот на Кајак.мк.
Позади Среќна фарма стојат големи ентизијасти, поборници на здравата исхрана и љубители на животните, луѓе со интегритет.
Главниот виновник за почетокот на приказната за фармата е Дончо Јованоски, економист по професија, природата го дарила и за умешност во изведба на градежни објекти. За него велат дека има и добар слух за музика, свири на синтисајзер и хармоника (самоук), израснат во средина која го учи на дефинирање проекти кои имаа еден краен правец – здрава храна.
Има несебична и целострана поддршка од неговата сестра Цутка Јованоска, исто, ентузијаст по природа и застапник за здрава храна и борец за етички приод во грижата при чувањето на животните.
Цутка вели дека огромна поддршка добиваат од нивните пријатели и роднини, без кои ваквата приказна би немала реализација.
Она што би го издвоиле како посебен и занимлив момент е 2018-та година, кога Дончо Јованоски, како и многу млади во државата, посебно оние кои имаат претприемачки дух, бараат начин за кариерен развој. Тој прави два чекора, едниот е апликација на проектот Самовработување, а другиот е апликација за работа во Германија. Интересното е што успева и во двата чекора, ја добива работната виза за во Германија, но , исто така, го добива и проектот Самовработување. Со оглед на неговиот претприемачки дух и неговите студии од областа на економика на претпријатијата, тој носи одлука да го основа претпријатието „Ековита-2018“, во чиј наслов го има и белегот за годината на основањето, покрај асоцијацијата за здравата храна.
Првиот проект на „Ековита-2018“ е откуп и преработка на шумски плодови, односно во 2018 година започнува да откупува шумски печурки, кои се преработуваат (сушат) на начин да се задржат нивните нутритиенти.
Со оглед на фактот што шумските печурки имаат само сезонска работа, „Ековита-2018“ има уште три главни замислени проекти до сега, двата се ставени на хартија, едниот веќе со креиран проектен план со дефинирани активности и во фаза на потрага по извори за финансирање, а другиот е „Среќна фарма“.
Сите проекти имаат еден заеднички пат и водат кон иста цел - обезбедување здрава органска храна, бидејќи сметаат дека од секое нешто првенствено треба да се искористат предностите, а предностите на нашата држава не се многу, органското производство, човечкиот капитал и туризмот треба да ни се приматот.
Локацијата на „Среќна фарма“ е во село Долно Зркле, област Порече, општина Македонски Брод, околу петнаесетина колометри оддалечена од Поречкото езеро или попознато како Козјак, кое скопјани и тоа како многу го сакаат.
Поречкиот крај, исто така, изобилува со билки и имат во план да вметнат уште една уникатност, а тоа е нивната среќа и благосостојба да ја збогатат со билки во периодот кога ја нема, да ги сушат билките и да ги додаваат во храната.
Среќна фарма не користи никакви хемиски додатоци за зголемување на носивоста, ниту храна која е сомнителна.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА: kajak.mk