На синоќешното доделување на традиционалните HR награди, го добивме и најпосетуваниот огласувач на нашиот сајт кој се придружи на елитното друштво на најпосетувани од изминатите 6 години. Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп е компанија која на македонскиот пазар се појави пред една година и успеа да оствари импзантна бројка од 159 934 посети на на нашиот сајт.А кои се Всушност Магна прочитајте во продолжение...
- Кажете ни малку повеќе за вашата компанија
Магна е водечки глобален добавувач на автомобили и автомобилски делови со повеќе од 161.000 вработени, посветени на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот. Производите може да се пронајдат на повеќето возила денес благодарение на многубројните производствени капацитети, центри за развој на производи, инженерски и продажни центри кои се лоцирани во многу земји во светот.
Ова е нашиот глобален успех, а што се однесува до нашата локална фабрика, Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп е прва дивизија на Магна во нашата држава и е лоцирана во ТИРЗ во Струга, а нашиот главен фокус е на производството на надворешни ретровизори вклучувајќи актуатори и жичени инсталации за надворешни ретровизори.
- Вие сте препознаени како работодавец со најмногу посети на нашата веб-страница во 2021/2022 година. Што значи ова за вас?
Среќни сме што во нашата прва година од основањето на дивизијата во земјата успеавме да достигнеме толку многу прегледи и што големиот бренд на Магна беше брзо препознаен од нашите кандидати и потенцијални вработени.
Ова признание значи многу и за мојот тим за човечки ресурси, бидејќи имавме многу голем предизвик да го изградиме тимот на Магна од нула.
- Кои се идните чекори за вашата компанија?
Да имаме успешен, мотивиран и ентузијастички настроен тим е нашиот главен двигател. Културата на Магна е добро препознаена и се „живее” низ други Магна дивизии во светот, а нашата цел за оваа година и годините што следат е да ја практикуваме и живееме оваа култура на праведна компанија и кај нас.
- Ја споменавте културата на Магна. Раскажете ни малку повеќе за тоа.
Магна препознава дека нашите вработени се најголемото богатство во компанијата и дека нашиот ангажман и посветеност се клучни за нашиот деловен успех. Уникатната култура на Магна за фер компанија се заснова на правичност и грижа за луѓето. Основата на оваа култура се трите главни корпоративни документи: Повелбата за вработените во Магна, Оперативните принципи и нашиот Кодекс на однесување и етика и тие се „срцето” на работната средина која поттикнува иновации, вклученост и тимска работа.
Магна нуди еднакви можности за сите врз основа на квалификациите и перформансите на поединецот, без дискриминација или фаворизирање. За да се живее оваа култура, постојат различни програми кои се имплементираат, а можам да го истакнам Процесот на отворени врати на Магна кој им помага на вработените да ги решат своите проблеми и да ги пренесат своите идеи и предлози за подобрување и иновации во нашата компанија. Охрабрени сме да разговараме со секој кој може да ни помогне, без разлика на хиерархиското ниво и без страв од одмазда.
Конечно, сите ние работиме како партнери во бизнисот за да постигнеме производство од светска класа и да испорачаме производи со највисок квалитет и најнови иновации на нашите клиенти под мотото Forward. For all.
Наградата за најпосетуван огласувач ја прими HR менаџерот за човечки ресурси во Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп, Амина Идризи