Во конкуренција на ликовни творби пристигнати до организаторот во „Евора“, од 30 држави во светот, членови на студиото од Битола освоија еден златен и пет сребрени медали, како и 17 посебни дипломи.
Со златен медал се закити Ангела Цветковска (17), сребрени медали добија Ангела Бошевска (11), Ивана Петрова (10), Јана Сивакова (9), Јована Анастасовска (6) и Бојан Нечевски (6), а специјални дипломи за посебен ликовен пристап во творештвото се доделени на 17 членови на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола.
Детската ликовна колонија во Евора е востановена по примерот на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.
извор: opserver.mk