Во светот постои ресторан каде можете да си го заработите вашиот оброк доколку истиот не можете да си го дозволите. Во ова место сите се добредојдени и сите се вклопуваат. Овој добротворен ресторан се вика Мираи Шокудо и се наоѓа во Токио, Јапонија. Сопственичката на овој ресторан ќе ви даде топло јадење доколку одработите 50 минути во кујната. Работата вклучува миење садови, чистење и сервирање на јадењата.
Сопственичката Секаи Кобајаши е единствената вработена во ресторанот со над 500 "привремено вработени" кои доаѓале и работеле за нивната храна. По завршувањето на 50-минутната смена тие добивале купони за бесплатни оброци кои можеле да ги користат во ресторанот. За сите останати типичниот ручек би чинел околу 8,05 долари.
Го користам овој систем бидејќи сакам да се поврзам со гладните луѓе кои инаку не можат да јадат во рестораните затоа што немаат пари, вели Секаи.
Концептот на Кобајаши дефинитвно е значаен и многу потребен. На овој начин, ваквото "работење" во локалните ресторани може да им помогне на работодавачите да ги намалат трошоците за работна сила, но исто така ќе им помогне на оние кои имаат потреба од храна истата полесно да ја добијат.