Македонската кошаркарска федерација во периодот од 27. јули до 6. август ќе биде организатор на Европско Првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години. На ова првенство, кое ќе се одигра в Скопје, учество ќе земат 24 репрезентации од Европа кои се натпреваруваат во вториот ранг на континенталниот собир за јуниори.
МКФ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација.
Отворени позиции:
- Одговорни лица за репрезентации (23 позиции)
- Одговорни лица за хотел (10 позиции)
- Најавувач на натпревар во спортска сала (3 позиции)
- DJ во спортска сала (5 позиции); музиката и опремата е обезбедена од МКФ
- Лице за одржување на терен во спортска сала за време на натпревари (5 позиции)
Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со назнака „За конкурс за ЕП во Скопје“.
Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.
Рокот за пријавување е до 27. јуни.
извор: факултети.мк
КОНКУРС од МКФ: Отворени се 46 позиции
Вести
-
Еден од најактивните вулкани на светот секојдневно исфрла злато во вредност од 6000 долари
Во ледените пространства на Антарктикот се крие вулкан кој исфрла буквално парчиња злато. Откритието било објавено во 1991 година од страна на американски геолози.
-
РАБОТНИЧКИ ПРАВА: Што треба да знаат работниците ако треба да работат на германски државни празници?
Многу луѓе во Германија имаа слободен ден за Денот на трудот, но имаше и такви кои сепак мораа да работат. Работеле како готвачи, келнери, собарки, таксисти, спасувачи, полицајци, пожарникари, новинари, медицински персонал, возачи на јавен превоз, земјоделци.
-
„Нарачав патики преку Фејсбук, а кога ја отворив кутијата…“
Во време кога онлајн шопингот станува сè почеста практика, граѓаните на Македонија се соочуваат со нов вид измама.
-
„Оживеа“ жена закопана пред 75.000 години: Неверојатна реконструкција на лицето на неандерталец
Жена закопана во пештера пред повеќе од 75.000 години „оживеа“ благодарение на напорите на тим научници од Универзитетот во Кембриџ. Тие создадоа неверојатна 3Д реконструкција на лицето на овој неандерталец откриен во пештерата Шанидар во регионот на ирачки Курдистан.
-
ИЗГЛЕДА ЛУДО, НО НЕ И НЕВОЗМОЖНО: Гаража во центарот на Загреб продадена за 150.000 евра
Гаража од 38 метри квадратни во зграда стара три години во центарот на Загреб е продадена за 150.000 евра, јавува РТЛ. За тие пари, вели сопственикот на агенцијата за недвижности, може да се купи двособен стан во нова зграда во Запрешиќ.
-
TASKFORCE вработува во Прилеп и Штип!
Аплицирајте!