Финишираат подготовките и наскоро најголемиот трговски центар во земјава ќе ги отвори вратите. Ист Гејт Мол ќе стартува со работа, според најавите средина на Октомври но сепак останува да го почекаме конечниот датум.
Како најголем трговски центар во земјава Ист Гејт Мол освен што ќе понуди многубројни текстилни брендови во план се и ексклузивни ресторани и кафулиња но и дел од ланците за брза хрна.Меѓу кои најчесто спомнувано е името на McDonald’s.
Сигурни извори за Фактор во април потврдија дека преговрите финишираат и американскиот гигант одлучил да отвори ресторан во земјава, сепак се уште не е ставен потпис на договорот. McDonald’s не се откажале, но нема конечен договор, а клучната работа била околу франшизата.
Се тврди дека се допрецизираат детали околу тоа кој треба да ја поседува франшизата сега, па отворањето затоа можело и малку да се пролонгира односно да не се случи годинава.
ФОТО ГАЛЕРИЈА како изгледаа рестораните на Мекдоналдс во Македонија
Првиот ресторан на Мекдоналдс во Скопје беше отворен на 7 септември 1997 година, а се до 2013 вкупниот број на ресторани беше 7. Во Мекдоналдс работеа 200 луѓе.
Можеби по малку мистериозно и се уште не разјаснето во 2013 тогашниот сопственик на лиценцата ја губи франшизата и се забранува работа на Мекдоналдс во Македонија.
Зошто од тогаш никој не побарал да земе нова франшиза и зошто никој пак не се обидел да го отвори Мекдоналдс не е е познато.
Освен во Македонија овој фастфуд гигант свои ресторани во Европа нема и во: Албанија Црна Гора и Исланд. Останатите земји во кои нема Мекдоналдс се наоѓаат во Африка и во Азија.
Мекдоналдс во Македонија опстојуваше 16 години.