Над 18.000 луѓе дознаа колку би биле платени за својата работа. Те интересира платата за некоја професија?
Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок во петок, соопшти министерот за здравство.
На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на КОВИД-состојбата во земјата, но министерот лично смета дека нови рестриктивни мерки не се потребни, доволно е да се почитуваат протоколите и да се зголеми процентот на вакцинација.
Со членовите на Комисијата сме во континуирана комуникација и во периодот додека беше ситуацијата прилично мирна. Во петок ќе има состанок согласно новите анализи. Во однос на мерките, ќе ги слушнеме предлозите и согледувањата. Јас сметам дека терба да продолжат превентивните мерки и да се зголеми процентот на вакцинација. Денеска испративме писмо до сите матични лекари да ги повикаат своите невакцинирани пациенти, рече министерот.
Министерот соопшти дека за 25 проценти е зголемен бројот на КОВИД - случаите, а расте, како што рече, и факторот на преносливост што е јасен индикатор дека ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка ситуација. Се зголемува и бројот на хоспитализирани пациенти, но добро е, истакна, што нема голем притисок врз болниците. Граѓаните мора да се свесни дека тоа е единствениот начин за излез од кризата.
Досега се аплицирани над 1,6 милиони дози вакцини против КОВИД, а нема ризик ако вакцините за КОВИД и за грип се примат во исто време, подвлече министерот. Тој уште еднаш апелира да се почитуваат протоколите, да се држи дистанца и да се носи маска. Почнува сезоната на слави, а секаков собир е ризик и затоа треба многу да се внимава.
Извор: biznisvesti.mk
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
По речиси една година, мостот „Беласица“ целосно е пуштен за сообраќај и за товарни возила. Но, цевките на ЕСМ од топловодот не се ставени и се уште стојат во тревникот на кејот под мостот.
Црногорскиот бисер Будва е вистинско градилиште, се градат станови, станови, хотели. Трособен стан во центарот на Будва, во населбата Госпостина, недалеку од Стариот град, чини 184.000 евра, односно 4.000 евра квадрат. Без разлика дали зборуваме за Јадранската ривиера или популарните дестинации во Турција и Грција, за стан со средна големина треба да потрошите во просек 120.000 евра. Иако во Турција можете да најдете стан од 40.000 евра, Албанија има уште поевтина понуда бидејќи стан чини 25.000 евра.
Два македонски градови се најдоа на новообјавената топ 10 листа на најзагадени градови во Европа во 2023 година.
Денес и утре (вторник) во Македонија ќе имаме вистинско пролетно и сончево време, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, најави метеорологот Славчо Попоски.
Во март, Полска и Чешка имале најниска невработеност во Европската Унија(ЕУ).