На денешната седница на Владата прифатени се предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од КОВИД-19 кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести (КЗБ).
Согласно овие предлози Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на КОВИД-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови. Владата денеска го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од КОВИД-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест. Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат. Владата донесе одлука да се укине барањето за задолжителен КОВИД-19 сертификат за излез од територијата на Република Северна Македонија. Останува уште мерката задолжително носење маски во затворени простории за што Комисијата за заразни болести најверојатно ќе разговара на утрешниот состанок.Полека се укинуваат мерките:Не треба сертификат за влез во мол
Актуелно
-
„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени
Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа
-
Илон Маск: Наскоро човечката интелигенција ќе зазема само 1%
Илон Маск постојано прави храбри прогнози кога е во прашање иднината на човештвото под влијание на технологијата, а така беше и овој пат.
-
Просечната нето плата во Хрватска е 1.270 евра, а најмногу заработуваат контролорите на летови
Просечната нето плата во Хрватска во првиот квартал изнесувала 1.270 евра, што е за седум отсто повеќе во однос на претходниот квартал и дури 16 отсто повеќе од истиот период лани.
-
Знаци кои откриваат дека внесуваме премногу сол во телото
Без солта, многу наши омилени јадења би биле буквално безвкусни. Но, кога е премногу сол?
-
Студија во Германија: Работењето од дома значајно е подобро за здравјето на вработените
Вработените кои работат од дома имаат многу помала веројатност да се жалат на здравствени проблеми отколку вработените кои работат во канцеларија, според студијата на Универзитетот во Констанц во Германија објавена во средата.
-
Германија од 1 јуни ги отвора вратите за двојно повеќе работници од Западен Балкан! Ова се детални насоки за добивање работна виза
Внимателно прочитајте!